Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 32 | година VI | мај-јуни, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 32мај-јуни, 2003
Театар Осврти

Философија за театарското творештво

(д-р Сашко Насев: „Сериозноста на играта - Естетиката на современиот американски театар“, Епоха, 2002)


/5
стр. 1
Емилија Матаничкова

     Книгава е редактирана верзија на докторската дисертација на Сашко Насев, одбранета на Филозофскиот факултет во Скопје, во 2001 година.
     Самиот наслов индикативно нè запознава со големиот корпус од тематски зафат, за естетиката на современиот американски театар (=САТ, наша кратенка), зошто токму тој и таков е. Ние, пред да преминеме кон предгледно пристапување се соочуваме со фактот дека ова е прв ваков философско-театролошки зафат во нашата земја. Затоа ќе си дозволиме едно поопширно загледување во дело, од коешто за првпат имаме можност да дознаеме вака субмлимиран кон/текст за американските рабоќе; и кои (можеби) ќе нè оттргнат од светот на Буш-компани.

Естетичките уметнички алатки за тезата

     Насев пристапува отворено кога сака да ги лимитизира рамките на проучувањето. Оттука, јасната слика за прашањата: Зошто токму тој и Каков е САТ, тој ги гледа, поврзува и аналогизира во САД-животот, во неговите идеологии коишто спирално се преплетени во театарската естетска димензија. САТ е оној што ги носи новите и значајни духовни тенденции на современиот свет. Театар којшто е призма на психологијата на човештвото; онтологиски (пресликан) извор на човештвото. Во текот на целото проучување, Насев шамански ги обединува распрсканите различни виденија на современите мислители. Затоа тој говори со и за естетичките (философски, социјални, етички, историски, идеолошки) значења на американскиот театар. Отткука доаѓа неговата широчина, и не само во разглобувањето на драматуршката структура. Така, интерсубјективно и автореференцијално го понесува моделот на „информацискиот хабитус“, на Френсис Фукујама, по кој и целата теза на Насев обединува најразлични погледи, естетско-стилски белези, животни, етички, толкувани и застапувани творечки ставови во САТ. Дури, ако сакате, наоѓа алиби во одговор од политичарот Џон Кенеди дека културата е онолку голема колку што нацијата се грижи за неа!

Густа синтеза за општествениот– култур(ал)ен историум

     Пред пристапување со метод на генерализација на 11-те најкрупни творечки појави во САТ, Насев преку генерална, густа синтеза, ги опфаќа сите битни, претходни, општествени појави/концепции што влијаат за развојот на САТ. „Првата е концепцијата на колонистите, кога театарот во буквална смисла на зборот е популарна забава и дел од религиските ритуали. Втората е концепција за организиран театар како индустрија, што ќе доведе до појава на еден вид уметничко стопанство за заработување на пари; во таа смисла се развива т. н комерцијален („бродвејски“) театар. Третата концепција е застапување на философско-естетички пристап кон театарската уметност: станува збор за универзитетскиот (или „учениот“, „академскиот“) театар, кој инсистира само на естетичките вредности и не сака да биде сличен со претходните концепции“. Првата фаза е појавата на аматерството,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+