Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 32 | година VI | мај-јуни, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 32мај-јуни, 2003
Галерија Осврти

Победа над стравот од смртта

- активен и пасивен принцип во (филмското) творештво -


/4
стр. 1
Виктор Канзуров

     Идејата за насловот на овој текст ми дојде кога го гледав германскиот годинашен оскаровец во категоријата филм од неанглиско говорно подрачје, Никаде во Африка на режисерката Каролин Линк. Филмот не е лош, нешто помеѓу добар и солиден, на моменти здодевен и предолг, а зборува за едно еврејско семејство, кое за време на нацистичкото владеење во Германија заминува во Кенија. Но, во него има сцена кога една болна африканска жена е оставена да умре под ведро небо, и тогаш мајката од белото семејство истрчува надвор, крикнува покрај жената чудејќи се зошто е оставена на милост и немилост на судбината. Ние гледачите очекуваме сцената да продолжи со започнатата трогателност, „сочувство“ и „сомилост“, кога од некаде излегува ќерката на болната жена и ѝ вели на Европејката:

„Госпоѓо, пуштете ја мојата мајка да умре, таа само ќе отиде на небото, на другиот свет“. Во тој миг сфатив колку нашата западна (христијанска или псевдохристијанска) цивилизација е оптоварена со фаталистичкиот страв од смртта, со доживувањето дека крајот на (човечкиот) живот е и крај на светот и оти следствено на тоа, се надоврзуваат чувствата на тага, депресија, меланхолија, незадоволство и незадоволеност, па дури и агресивност, насилство…

Од депресија до дејствување

     Никој од нас не сака да гледа филмови што ќе нè потонат во неубави емоции. Но, вистинското прашање е колку ние сме се препуштиле на струјата и колку конформистички сме дозволиле таквите филмови што не излегуваат од општото сивило да ги толкуваме како големи остварувања.
    

     Сметам дека воопшто не е важно каква тема ќе се одбере за филмување, туку дека начинот на обработка на филмската приказна решава за емоцијата што ќе се излее на платното. Луѓето се хранат со емоции и природно е секој човек да посакува да го достигне максимумот на своите можности, а како ќе го оствари тоа ако „произведува“ депресивни и меланхолични емоции, односно ако режира такви филмови и пишува такви текстови. Во тоа е разликата во класите кај филмските режисери и разликата во класите кај одделните филмови на еден режисер. Има одреден тип уметнички дела (и филмови) коишто само ја констатираат општата состојба во општествата, општото просечно ниво на свест кај луѓето, и тука се задоволуваат, не одат понатаму.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+