Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 33 | година VI | јули-август, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 33јули-август, 2003
Проза

Циркус

/8
стр. 1
Митко Маџунков

    Моето внимание – без некоја посебна причина – го привлече едно слабодушно човече со права коса и нервозни движења: над безбојните усни, на капларската маска имаше мустачиња што личеа на две муви забодени со игли. Човек би рекол: ова се мустачиња кои ќе го надживеат сопственикот. Човечето беше во униформа со украси што потсетуваа на пајак, пајакова мрежа и пајакова жртва одеднаш. Беше во друштво на еден помал и подебел човек со маска на Освојувач; на себе имаше униформа со еполети и трирог шешир. Разговараа, сувиот и дебелиот. Живо мавтајќи со рацете, како да се препираа кој е поголем јунак. Нивниот разговор го слушаше едно момче со прекрасно тело, во платнена кошула, со маска на Девица на лицето.
    Тука имаше и ќоси Хуни, Татари, во одеждите и со идолите нивни, имаше винари Словени, Нормани, Саксонци, Готи, имаше Маи со лице на полна месечина, имаше императори римски и главатари црковни, патријарси, папи, имаше фарисеи и литерати, имаше поглавари на изумрени племиња, предводници кинески, јапонски, индиски, египетски, македонски, имаше диктатори грчки, шпански, хавајски, имаше Николевци и Александровци, Филиповци и Луевци, Марии и Елизабети, со имиња што свршуваат на ов, ва, во, ски, чки, ич, иќ, ах, ор, ти, ви, со перја украсени; тука беа бесните и умните од овој, оној, и нивни, заложниците нивни и љубовниците на заложниците нивни, шутови и дами дворски, државници и законоклепачи, банкари и трговци, фабриканти и забавувачи, филозофи и уметници, научници и алхемичари, сметкаџии и занесени, млади и стари, убави и грди, големи и мали, нечисти и чисти.
    И сиот тој булук беше како грозд, како букет каранфили во чија средина стоеја човечето со мустачињата и пајаковиот крст, и дебелиот; по сè изгледа тие сè уште се расправаа околу тоа кој од нив двајцата направил поголеми дела. Само убавото момче стоеше некако отстрана, и сè набљудуваше молкум, но не незаинтересирано.
    Бината беше силно осветлена. На неа немаше никој, ништо: освен неподносливата белина.
    Со времето, блескавата светлина слабееше, бледнееше, добивајќи виолетови тонови. Во гледалиштето стануваше сè потивко и потивко.
    Кога вревата престана, знаев, претставата само што не почнала. И сигурно ќе видев, во тој миг, како работниците (зар?) ги вршат последните подготовки, да не ми го сврти нешто вниманието.
    Публиката почна да ги вади маските. Гледав во таа незаборавна глетка и не им верував на своите очи: под маската на прасе, чакал или пума во раскошна облека, се појавуваше лицето на личноста на која одеждата, во некогашниот живот, навистина ѝ припаѓала. Под маската на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+