Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 33 | година VI | јули-август, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 33јули-август, 2003
Проза

Архивски мозаик

/3
стр. 1
Славко Јаневски

    (Влад Тепеш, Дракула – 1431-1476 – трипати кнез на Влашка. Ракописи за него се чуваат во швајцарскиот манастир Сен Гален, во една ленинградска библиотека и на многу други места во Романија. Крволок. Легенда. Вампир).
    Долго време по животот на Дракула во еден град живееја Влад и Атарта со синот Мирча. Со заедничко презиме Сигишоара, семејството беше меѓу десетте најбогати во градот, познат по производство на лак за женски клепки приготвен од очи на дунавски крап. Влад беше висок стошеесет сантиметри. Ноќе раснеше и пак, преку ден, се намалуваше. Со некаква турска или татарска шапка за домашна употреба, големоок, со танок прав нос, жолт личеше на еден портрет од XV век, и денес во австрискиот замок Амбрас, близу до Инсбурк. Агарта имаше бели очи и бели нокти. Во саботите изгледаше двојно послаба отколку во другите денови. Мирча стоеше на рахитични нозе и некако ја држеше на раменици главата со киклопски обем. Од перче на својата коса цедеше гласови на харфа. Таткото не ја поднесуваше зимата. Студот го начнуваше. Од тоа на себе носеше сто и осум лузни, по три за секоја своја година, доколку беше стар само 36 години. Мајката го мразеше летото. Имаше наметка од сребрени лисици и во неа изгледаше како дворјанка. Ја чуваше во дрвен сандак на чиј капак стари мајсори изрезбариле трансилвански волци. Синот немаше лузни и немаше крзнена наметка. Имаше кучешки уши и не ги сакаше родителите. Влад следеше една вера, Агарта друга. Со помош на темни сили, тие ги венчаа своите вери. Се роди трета. Непозната. Влад и Агарта му ја залепија новородената вера на Мирча на очи како што се лепи сурово месо на модрина. Прикаската за нив ѓаволски се замрси.
    (Од кажувањето на сведокот А, домаќинка, позната по своите многубројни скакулци извезени на јарешки кожи):
    Околу полноќ, помеѓу 5 и 6 септември во таа година, ја разбудиле грозни вресоци, да се поверува дека тоа пеколот се отворил над улицата во која живееше во близина на семејството Сигишоара. Растреперена, не веќе во постела, со страв погледнала низ прозорецот. Како на сцена осветлена од месечина, Влад и Агарта панично бегале пред синот Мирча, крвави, по се изгледа нападнати додека спиеле. Нивното момченце трчало по нив со долг нож во рака. Во таа демонска игра Влад и Агарта биле мали, а Мирча, двојно поголем од себеси; имал волча муцка, исклештена и забеста. Така, во бегство и во брканица, сите тројца се изгубиле во куќата во која живееле и од






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+