Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 33 | година VI | јули-август, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 33јули-август, 2003
Критика

Постмодерниот теориско-естетички систем на Жан Франсоа Лиотар

согледан низ призмата на политичкото - постмодерната како незавршен проект - поимот на политичкото -


/5
стр. 1
Звонко Танески

    За многумина е познато дека постмодерното мислење ја напушта конститутивната врска значајна за дискурсот на модерната, врската меѓу историјата и умот. Постмодерната тврди дека модерната го доживеа својот крај зашто во основа беше проект што не можеше да се оствари, затоа што се потпираше врз верувањето во она што често се нарекува „големи метанаративи“, што е само друг израз за „големите приказни“ кои со милениуми доминираат во Западната култура и цивилизација. Овие „големи приказни“ на различен начин се појавуваат и се именуваат низ историјата.
    Најпрво, дали терминот постмодерна може да се изедначи со познатиот логичен парадокс на Лиотар за минатото-идно време (post modo), односно со познатото тврдење дека постмодерната ѝ претходи на модерната, што имплицира дека едно дело мора прво да настане, да ги објави своите правила, па потоа некој секундарен метадискурс, да ги проучи и да ги пропише нив? Или пак, можеби, постмодерната естетика што ги затвора очите пред модерната, просто се губи во неа… Дали литерарната постмодерна е во многу нешта наследник на радикалната модерна, како што тврди Андреас Килб? Како и да е, пост не е движење на come back, на flash back, на feed back, туку, како што вели Лиотар, процес на „ана“: анализа, анамнеза, аналогија, анаморфоза која го елаборира „почетниот заборав“.
    Така, Жан Франсоа Лиотар смета дека постмодерната не е враќање назад, туку дека е анаморфоза на модерната којашто е во криза, а Јирген Хабермас вели дека постмодерната е враќање назад и дека напуштањето на модерната е, всушност, нејзина криза. Овој спор се обиде да го расчисти Маурицио Ферарис кој сметаше дека во прашање е едно недоразбирање, Според него, кај Лиотар постојат две сфаќања на постмодерната: историско и метаисториско.
    Имено, Лиотар, пред сè, разликува три предуслови за модерно познание: повикувањето на метанаративи за легитимирање на втемелувачките тврдења; неизбежниот резултат на (де)легитимирањето и на исклучувањето, и желбата за хомогени епистемолошки и морални прописи. Постмодерното познание, пак, е против метанаративите и втемелуваштвото; тоа ги избегнува големите шеми на легитимирањето и е за хетерогеност, плуралитет, постојана иновација и прагматска конструкција на локални правила и прописи околу кои учесниците ќе се согласат; а со тоа е и за микрополитика.
    Впрочем, затоа најкратката дефиниција за постмодерната која би можеле да ја изведеме читајќи го Лиотар, од овој аспект, е дека таа претставува „недоверба во метанаративите“. Притоа, под „метанаративи“ се подразбираат сите оние општествени дискурси со коишто се оправдува, се легитимира некоја општествена практика. Оваа стратегија на постмодернизмот е најчесто оспорувана со аргументите дека се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+