Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 33 | година VI | јули-август, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 33јули-август, 2003
Галерија Осврти

Амелија Пулен:

светица, келнерка и веројатно – жена
(обид за феминистички потход кон филмот Необичната судбина на Амелија Пулен)


/6
стр. 1
Жарко Кујунџиски

    Автор на кандидатот за Оскар за најдобар странски филм за 2001 година, филмот Необичната судбина на Амелија Пулен, е еден од најпрепознатливите француски режисери Жан-Пјер Жене (Градот на загубените деца, Продавница за деликатеси, Куќата на загубените деца). Ко-сценарист на проектот е уште еден Французин – Гијом Лоран. Обајцата автори се – мажи. Токму затоа феминистичкиот потход кон Необичната судбина… секако дека ги има предвид заклучоците на различните тенденции во рамките на овој метод (радикален феминизам, анархистичка феминистичка критика, гинокритика т.е. критика која се интересира за женското писмо (ecriture feminine), анализите на жената како писател и жената како читател итн.), но негова главна опсесија е начинот на претставувањето на централниот женски лик во Необичната судбина на Амелија Пулен.

Џемс Бонд против Јованка Орлеанка

    Ставањето на името на главниот лик во насловот на филмот е појава која неретко се практикува. Од поскоро ги знаеме Џери Мегваер, Бери Линдон, Били Елиот, па и Блејд, Рамбо, Роки… Што е карактеристично за овие наслови? Сите тие реферираат мажи т.е. машки ликови.
    Навистина, многу почест е случајот кога во центарот на вниманието, двигателот на дејството е машкиот лик (и кога го нема неговото име во насловот), и тоа особено во акционите филмови (серијалот Умри машки, серијалот Џејмс Бонд) и трилерите (Седум, Приведете ги осомничените, најпознат исклучок е Кога јагнињата ќе стивнат). Во таков случај женските ликови се или објектифицирани т.е. опредметени (се чудам како не му здодеа на Бонд да ги менува девојките како чорапи) или односот кон нив е крајно редуциран, тие се сведени на нивното тело, на чисто корпоралните елементи (не се сеќавам на ниту една од партнерките на Брус Вилис додека „умираше машки“, ама можам глава да пресечам дека ниту една од нив немала расипани заби или грбав нос).
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+