Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 33 | година VI | јули-август, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 33јули-август, 2003
Звук Осврти

Скопски блуз и соул фестивал, 2003

/3
стр. 1
Васја Ивановски

    На 1. и 3. јули во Скопје се одржа седмото издание на Блуз и соул фестивалот кој уште еднаш го потврди својот кредибилитет како респектабилна манифестација во глобалното семејство на светски блуз фестивали. Со учество на уметници од САД, Италија, Франција, Русија и Македонија, фестивалот понуди разновидна програма опфаќајќи повеќеслојни сегменти на блузот кои сите заедно ја орасположија публиката која во голем број се одзва на повикот на овој жанр.
    

    Концепциски, првата вечер од фестивалот беше замислена како блуз-рокерски ориентирана журка со учество на „Џук Џоинт Експрес“ од Македонија, „Блуз Казинс“ од Русија и Алвин Јангблад Харт од САД.
      Фестивалот го отворија дебитантите од Скопје, „Џук Џоинт Експрес“, млад состав кој постои одвај една година, но кој сосема го оправда својот потенцијал и кој претставува значително засилување на македонската блуз сцена. Во својот кус но динамичен сет, скопските блузери го претставија својот од порано клупски проверен репертоар во кој доминираше звукот на Тексас блузот, збогатен со привлечната арома на британската блуз сцена од крајот на шеесеттите години на минатиот век. Со сопствениот материјал како и композиците од репертоарот на Стиви Реј Вон, Хаулин Волф, Сони Бој Вилијамсон и „Флитвуд Мек“, Наум и другарите засилени со гостинот Кристијан Цветковски на гитара и вокал, го оправдаа своето учество со темпераментен и вдаховен настап создавајќи добра атмосфера во публиката. Легендарната тема „Албатрос“ на Питер Грин во чиј увод беше уфрлена темата на италијанскиот гитарист Толо Мартон, инаку посветена на Стиви Реј Вон, претставуваше вистинското финале на настапот на „Џук Џоинт Експрес“. Ова е млад состав со изграден однос кон блузот, од кого домашната блуз сцена очекува многу во иднина.
    

    По куса пауза, на сцената се појавија Русите „Блуз Казинс“, кои уште еднаш потврдија дека не случајно се прв руски бенд кој ќе настапи во постојбината на блузот – САД. Предводени од извонредниот гитарист Леван Ломидзе, овие блуз роднини испрашија сет кој локалните гитарџии долго време ќе го паметат! Во музиката на “Блуз Казинс” нема многу филозофија, уште од првиот момент со својата енергија навестија дека во таа запарна ноќ ќе има дополнително потење кај присутните! Составот вешто го комбинира репертоарот во кој се препознаваат звуците од чикашката блуз школа преку темите на Отис Раш, Мади Вотерс, Вили Диксон и Б.Б.Кинг, до современи блуз автори со рокерска примеса во кои има доволно место за гитаристички егзибиции на Леван Ломидзе! Со цврста ритам секција, длабоко навлезена во сите финеси на блузот комбиниран со рокенролот, Леван, Слава и Виктор






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+