Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 33 | година VI | јули-август, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 33јули-август, 2003
Театар Осврти

од 38-от Театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

(Прилеп, 13-20 јуни 2003)


/9
стр. 1
Емилија Матаничкова

_______________________________________________________________________

Јунакот го трча последниот круг

За „Балкански шпион“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Владимир Талески, продукција на Народен театар Куманово

    Зошто комедиите на Ковачевиќ подеднакво им се допаѓаат и на „случајната“ публика и на онаа со интелектуални барања?
    Неговите комедии се огледало на виталност којашто произлегува од анималноста на нашата природа, но и со форма од целокупното делување на неговите јунаци. Таа виталност посебно блеснува преку црниот хумор, од насмевката во грч, од трипот на самодокажување. Со тоа Ковачевиќ ја крши аналогијата на поистоветување со Нушиќевите канонски комедии во коишто се инсистира на неприликите во кои се запаѓа и на помирливоста, наспрема неговиот автентичен комички жанр.
    Ковачевиќ игра со веродостојноста и веројатноста на следните ситуации изведени од оние кои им претходат. Тој обрнува внимание на фабулата, во која ги сплотува и навидум минорните нишки, коишто пак заедно се допираат. Јазичните досетки и говорниот тон во целина не се само средство за побудување на смеа. Јунаците со своите постапки го раѓаат дејствието.
    Драмите на Ковачевиќ во исто време се и сатира на нашиот балкански менталитет и политички комедии. Внатре живеат манијачно опседнати, мрачни типови коишто се условени од позицијата во општеството. Во драматиката, сценичноста и театралноста на Ковачевиќ се развиваат комичните постапки. Тој игра на планот: традиционално и модерно, индивидуално и колективно, идеолошко и морално.
    „Балкански шпион“ е супериорна анализа на случајот Човек, којшто станува жртва на делузија од гонење, Човек кој светот го доживува како завера против себе, против идеалите кои ги застапува. Со својата манија создава околу себе мал, но добро организиран тоталитарен поредок. Таквиот горчлив потсмев во оваа драма, а и во останатите на Ковачевиќ, е многу подлабок и поширок од локалните рамки.

„Балкански шпион“ во режија на Владимир Талески

    Звуците од пијаното и виолината понесоа тажни, силни, копнежливи чувства. Нè оддалечуваа од балконот – птичја перспектива, носејќи нè во убави мигови, и воедно подготвувајќи нè за светот на јунакот Илија Чворовиќ. Неговиот свет го носи базичниот нуклеус на драмата а којшто се состои од неговата потрага/истрага по „шпионот и неговата клапа“, против расипниците, безрбетниците, против предавниците на земјата. Тој го следи неговиот сомнителен кираџија, демек шнајдер, печалбар во Франција. Таквата лудорична опсесивна борба ги зафаќа и неговата жена и неговиот брат. Неговата сопруга, Даница Чворовиќ е цврстиот столб на патријархалноста. Прифаќајќи го светот на сопругот, и таа дејстува комично. Но, гледајќи го нејзиното целосно дејствување, поточно немо извршување на наредбите од сопругот, таа ни дава повеќе тажна смеа. Наспрема нејзината






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+