Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 33 | година VI | јули-август, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 33јули-август, 2003
Театар Теорија

Дали Ништо доаѓа од Ништо?

/19
стр. 1
Питер Брук

    Добровечер. Сега би морале да ми помогнете, зашто не е возможно да се зборува без да се знае кому му се обраќаме. Јас бев љубезно претставен, но вас не ве познавам. Па, би можеле ли да ми кажете кој од вас овде присутните е психоаналитичар? Ах, ве има во помал број. Кој меѓу вас се чувствува затрупан со прекривачките зборови како психолози, психотерапевти, психијатри? Ох, се креваат раце! Добро. Сега, кој од вас нема ништо со тоа? Ах, мнозинство!
    Еднаш, пред неколку години, во една француска психијатриска болница ја изведувавме претставата која се викаше „Каспар“ – како што можеби ви е познато, станува збор за Каспар Хаузер. Изведовме две претстави. Едната во просторија голема како оваа, полна со пациенти. Поради интензитетот на слушањето, тоа навистина беше едно невообичаено доживување. Всушност, тоа ги поведе актерите кон едно прилично необично ниво на чувствителност. Тие почувствуваа дека дури и најмалиот приказ што тие го проектираат, кај пациентите би можел многу лесно да биде претеран и опасен. По ваквото доживување, се качивме горе во другата сала, каде што ја изведовме втората претстава, само за психијатрите во болницата, кои ги имаше четиристотини на број. Ова беше мошне интересно искуство, зашто речиси можевме да го почувствуваме и да го слушнеме движењето на четиристотини мозоци, кои водеа дебата самите со себе, дали се сложуваат со ова што го гледаат или не. А тоа предизвика шум, кој баш можеше да се слушне. Само наслушнете за момент и ќе видите, зашто ми се чини дека нешто слично можам да забележам и вечерва…
    Кога ја добив поканата да учествувам во овие навистина импресивни серии, почувствував дека е сериозна, и се посоветував со брат ми Алексис, кој е инаку стар истакнат член на Психо-аналитичкото друштво, како да постапам.
    Тој рече, „За што ќе зборуваш?“, па јас му кажав, „Очигледно за мозокот и за умот.“
    Тој ужаснат ги крена рацете и рече, „Господи, па тие тоа по цел ден го слушаат. Тие од тебе сакаат да зборуваш за театарот.“
    Јас реков, „Но, јас се слушам себеси како везден зборувам за театарот. Не гледам зошто би морал да барам нов контекст и повторно да продолжам да зборувам за театарот.“
    На крајот сфатив дека всушност ме интересира темата, и затоа го одбрав овој најнеобврзувачки наслов на кој што можев да се сетам „Дали Ништо доаѓа од Ништо?“, зашто не е важно дали некој говори за театарот или пак, говори за умот. Зашто, всушност, се говори за истото суштинско и несфатливо






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+