Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 34 | година VI | септември-октомври, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 34септември-октомври, 2003
Поезија

Записи

Превод од англиски: Македонка Божиновска


/6
стр. 1
Муниам Алфакер

1.
2.
3.
4.
5.
6.

_______________________________________________________________________

1.

непознати морепловци
земјата забремени со мене
потоа
ме исфрли
со вресок

         вресокот
           е ехо
              на страста

јас сум ѕвездата
што се изгуби.
земјата ме прибра
и
ме завитка во партали.

         јас сум
            трага
              на водата.

јас
јас кој сум…
некакво тело
во панталони.

дури не знам
како сум настанал
или кој ме нарекол
„некаков“.

би сакал
страста, јас и светот
да сме од стакло.

светот:
половината е трагедија
другата половина комедија
што ја поткупува
болката со смеа.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+