Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 34 | година VI | септември-октомври, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 34септември-октомври, 2003
Проза

Разбирањето на судијата Одекновски

/2
стр. 1
Срѓан Папиќ

    Морате да ме разберете господине судија. Морате. Барем Вие. Сите ми велат дека немало никаква причина да го убијам; дека сум луд; ако не им зборува устата, им зборуваат очите. На сите, и на чуварите, и на мојот адвокат, и … и на сите. Ама морав. Самиот се ставаше, секогаш се ставаше помеѓу мене и неа. Јас разбирам, господине судија, дека таа им припаѓа на сите, дека така бела (оф, така невино бела, господине судија!) сите ја пипкаат, допираат, дека им припаѓа преку ден, ноќе; дека дури можат да ја одвлечкаат и в кревет кога ќе посакаат. И тоа сите. Сите!
    Морав господине судија. Секако морав да дојдам до неа. И ми припадна еднаш. Онака на минување; ја запознав така малку, површно; на прв поглед ми изгледаше интересна; интересна и ништо повеќе; не се обидов да продрам подлабоко, да загребам под површината. Нашиот контакт беше многу краток. Потоа … потоа секој си отиде на своја страна.
    Но, почна да ми доаѓа на сон, прво од време на време, потоа сè почесто и најпосле постојано (и ноќеска ја сонував, господине судија, ветрот си играше со неа, таа се виткаше, шушкаше, о господине судија, така милно шушкаше!), од ноќ на ноќ ја сонував. Сонував и сонував.
    Одлучив да ја побарам повторно. И тогаш ми се испречи тој. Брадест (оф, не со така пријателска брада како Вашата, господине судија), претенциозен, се постави помеѓу мене и неа. Велеше, со денови ми велеше, дека е зафатена, сега е таму или ваму, кај овој или кај оној, секаде беше, секаде.
    Стравував господине судија, стравував што ќе остане од нејзе после толку допири, после толку погледи. Разбирам јас, многу добро разбирам дека таа … таква, јавна така да кажам, дека сите ние полагаме некакво право на неа. Но господине судија, јас не полагав никакво право. Брадестиот ми се правдаше, од ден на ден, стоев пред вратата на канцеларијата како просјак, ги слушав неговите празни телефонски разговори, на сите им ветуваше дека ќе го најде тоа што им е потребно, што им недостасува. А мене, господине, таа ми недостасуваше, ужасно ми недостасуваше. Се каев пред таа дрвена врата (оф, силно се каев, господине судија) што не ја задржав засекогаш крај себе, што не побегнавме на крајот на светот, што не сме некаде … заедно …
    Секаде ја барав, господине судија, баш секаде; во прегратките на другите луѓе, покрај кафеанските маси, во излозите, долго гледав во стаклата, очекував по некое чудо да излезе на


Ова е извадок од:
еКнига




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+