Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 34 | година VI | септември-октомври, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 34септември-октомври, 2003
Проза

Песочен часовник

/8
стр. 1
Игор Исаковски

    Лежеше на терасата, удобно испружен во мека лежалка и зјапаше кон океанот. Мислеше на Лотреамон, и на она што толку силно тлеело во него додека ги испишувал вдахновените страници воспевајќи го Океанот. Тој не можеше да го именува тоа. Беше лошо што тој не чувствуваше дека нешто тлее во него. Уште полошо беше што тој некогаш го беше имал тоа чувство. Силно тлеење и оган и ерупции потоа. Сега немаше ништо. Имаше куќа на брегот од океанот и не требаше да се грижи околу киријата и сметките. Требаше само да мисли околу тоа со што да го пополни денот. Во почетокот беше многу лесно. Почна да ги запознава луѓето во населбата откога неколку недели дремеше во куќата. Некои од нив му се допаднаа, но по некое време престана да оди кај нив. Му се чинеше дека нема што да им понуди, дека едноставно краде од нив додека ги слуша како зборуваат. Кога тој зборуваше, имаше впечаток дека тие од него очекуваат големи мисли. Тогаш се чувствуваше како некој што не е потполно нормален. Кога ги изговараше оние обични, секојдневни работи, му се чинеше дека зборовите се празни и лишени од секаква смисла. Беше убаво кога седеше со нив во некоја од кафеаните на брегот и кога ги празнеа шишињата. Тој пушеше од нивниот тутун, и ги слушаше приказните за нивните семејства, за детските болести во тие семејства, за новите мрежи што тие ќе ги купат многу скоро, само уловот да се подобри, и додека тие зборуваа тој гледаше во нивните дланки и во нивните лица, во сите печати што времето и океанот ги оставиле на нив, а потоа гледаше во своите дланки и беше свесен дека тие дланки не се рибарски. Тоа правеше да се чувствува поинаков од нив, и тоа го пецкаше во утробата како одамна мината а нестивната болка.

    Залезите беа многу убави. Сонцето го позлатуваше океанот, како да му оддаваше признание за работата што ја завршил во текот на денот, и за работата што ја врши откога постои. Тој не знаеше точно која е работата на океанот, па помисли дека самото постоење може да се нарече работа. Сепак, и тој постоеше но се чинеше дека ништо не работи. Дремеше на сонцето, сè повеќе празен, како да беше голем песочен часовник што останал заборавен на некоја кујнска полица. Никому не му текнуваше да го преврти, за песокот повторно да почне да го одмерува времето: тие ручаа и по ручекот


Ова е извадок од:
еКнига




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+