Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 34 | година VI | септември-октомври, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 34септември-октомври, 2003
Есеи

Светот без Корто

/6
стр. 1
Игор Штикс

    Кога Корто имал десет години, живеел во Кордоба со мајка си, шпанска Циганка, прочуената Ниња Гибралтарска, и со татко си, британски морнар. Едно попладне, мајчината пријателка Амалија посакала да ја прочита судбината на детето од неговата дланка. Со ужас забележала дека Корто воопшто не ја поседува линијата на среќата. Со цел да го надополни тој сериозен пропуст на природата и да одговори на оваа, можеби прва провокација на судбината во неговиот случај, момчето во истиот час посегнало по татковиот брич и си врежало долга и длабока линија на среќата која од тој миг ќе ја краси неговата дланка. Така, се тврди, почнале животните перипетии на овој знаменит морнар со обетка во левото уво, авантурист и анархист, според некои – непоправлив меланхолик и романтичар, а според други – обичен криумчар и гусар.
    Премиерата на анимираниот филм на Паскал Морели минатата есен во Париз, ме потсети на овој величествен лик и на неговиот творец, Хуго Прат, но и на еден непријатен факт. Излегувајќи од киното, откако повеќе од еден час го гледав Малтежанецот на платното, ми падна на ум дека всушност, зачекорувам во светот без Корто. Таа помисла ме вознемири, па се обидов да ѝ најдам некакво објаснување, впуштајќи се во еден паралелен биографски слалом. Одлучив, имено, да ги споредам Корто и Прат, понесен од фактичките совпаѓања и од спротивностите помеѓу животот на уметникот и на неговата творба. Впрочем, зар и самиот Прат не сакаше, честопати, да го впише знакот за еднаквост или барем кривулестиот симбол на сличноста помеѓу него и Корто, а притоа обично се повикуваше на Песоа и на тврдењето дека човекот е она што е и она што сонува дека е. Уште еден поет, се чини, тука игра важна улога. Секако, во прашање е Рембо, чии стихови ги читаме во етиопските згоди на Корто Малтезе. Јас е некој друг, аксиомата на тој млад француски криумчар на оружје на некој мистериозен начин се вмешала во создавањето на митот за Корто Малтезе. Најпосле, колку Прат и да се служеше со сопствениот животен вруток при конципирањето на својот најпознат лик, се чини дека приказната за Корто повратно влијаела и на историјатот на Пратовиот живот, барем на оној кој ѝ го пружи на јавноста. Како морнарот да станал она неодвоиво друго, вистинското alter ego на својот креатор, она што е, она што би сакал да биде, она за што сонува. Но, да тргнеме, сепак, по ред во расплетувањето на тие необични врски кои создадоа






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+