Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 34 | година VI | септември-октомври, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 34септември-октомври, 2003
Критика

Сликата на верскиот синдром во балканскиот свет

/4
стр. 1
Јасмина Мојсиева Гушева

„На човек секој ден му се заканува опасност од друг човек.„
    Сенека

    Истакнувајќи го фактот дека религијата[1] е феномен кој го претставува колективниот дух, но притоа не заборавајќи дека таа е важна и за разбирањето на секоја индивидуа, како и за градењето на идентитетот, со овој труд, преку примери од балканските литератури сакаме да укажеме на важноста на проблемот на верскиот[2] синдром на балканскиот простор, на неговото доближување до националниот идентитет и на неговото искривоколчување во дваесеттиот век.
    Тој доаѓа од доминацијата на западната цивилизација во балканските простори, која привидно верува во Господ, практикувајќи ги само традиционалните ритуали. Но, во суштина, нивните сфаќања се потпираат на идејата дека животот е борба, и од тука, заедно со животот е дадено и оружјето како средство за негово одржување. Ако е животот нужен, нужни се и средствата за негово одржување. Во таа нивна логика на непостоење на ограничувања и совладување на пречките по пат на насилство, слободата досегнува до границите на апсурдноста. Се губи човечноста, емпатијата, коректниот однос кон другиот. Се губи сè она што е во основата на религиските сфаќања.
    Заради својот специфичен развој, балканското тло е особено погодно за имплементација на западната логика и развивање на верските конфликти. Имено, сите главни современи религиозни групи на Балканот настануваат во епохите на средниот век, што значи дека тие се традиционално насочени и ги имаат карактеристиките на она општество кога настанале. А тоа се затвореност, привлекување на луѓето кон едно јадро, постојан манифестен или латентен конфликт, надворешни притисоци преку разни социјални сили, итн. Ликот на Ѓаволот – непријателот, во тој период се олицетворува во еретиците и неверниците, а потоа во надворешните рушители на постоечкиот поредок и ред. Таа структура е задржана во петте века на турското владеење, а потоа е заменета со нацијата. Преминот од ерата на религиското уверување во ерата на националните држави на Балканот се случува во втората половина на 19 век. Нови маркери на идентитетот тогаш стануваат националната и јазичната поврзаност. Под дејството на силните социјални процеси и надворешни влијанија, големата христијанска заедница на Балканот се распаѓа во одделни национални заедници. Религијата сега има споредна улога во формирањето на новиот национален идентификатив. Христијанските народи на Балканот, како што заклучува Марија Тодорова[3] во книгата „Замислувајќи го Балканот“ – „започнаа да се разбираат со јазикот на национализмот, додека нивниот став кон муслиманите остана во доменот на неиздиференцираниот дискурс помеѓу верските заедници“. Тоа уште повеќе го усложнува проблемот, бидејќи тие со својата гетоизација останаа да бидат потенцијална закана

_____________________________________

1. Поимот религија е изведен од латинскиот глагол religare што значи поврзува, сврзува. Таа е духовна вска меѓу Богот и човекот. Основен белег на секоја религија е верата во Бога. Видлив израз на секоја религија се: догмата, култот и моралот. Види во Македонска терминологија од областа на теологијата, МАНУ, Скопје, 1999, стр. 85.
2. Употребата на зборот вера во Стариот Завет секогаш ја користи познатата идеја за надежта која се користи за потврдување на својата потчинетост кон господа. Во Новиот Завет зборот вера всушност се однесува на христовата религија. Види во New Concise Bible Dictionary, editor D. Williams, Universities and Colleges Christian Fellowship, 1989, p. 93.
3. Тодорова, Марија, Замислувајќи го Балканот, Магор, Скопје, 2001 год., стр. 261.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+