Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 03 | година I | јуни-јули, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 03јуни-јули, 1998
Галерија Осврти

Дијалог со животот

(за сликарството на Чемерски)


/5
стр. 1
Борис Петковски

Долгогодишната љубов кон делото на Глигор Чемерски прави да верувам и во таквите определби на природата на уметничкото творештво според кои често пати можеме да го поистоветиме авторот со неговите творби. Мислам дека тие се вистинската биографија на уметникот кој ги создал, негов исказ и материјализација на неговата креативна духовност. Творечкиот акт често се осмислува и како појава во која личноста што го извршува се наоѓа во исклучителна состојба, кога уметникот му се предава на трансот за да стаса до возвишените предели на духот каде што се сплотуваат доброто и убавото. Низ таа катарза тој практично се изедначува со ритуалот на мистичните дејствија на која и да е митологија или религија. Всушност, токму тука тој го бара и го изнаоѓа сакралното.
    

    Да не заборавиме дека Чемерски израсна крај Петар Мазев, секако еден од бардовите на поновото македонско сликарство, според чии многубројни изјави „од најраното детство на Чемерски па низ целиот мој живот јас од него немав поблизок творечки собеседник“. Во Белград каде што во почетокот на шеесеттите ги доврши своите сликарски студии и Специјалката и каде што со многу успех ја доживеа својата прва културна промоција, тој се пронајде во пријателска четворка уште со Тодор Стевановиќ, Радислав Тркуља и Филип Буловиќ. „Го делевме лебот и солта, платното и боите, но заради анархичноста и крајната независност на секој од нас, толку „неподносливи“ за тогашното наше сликарско окружување, никогаш не создадовме „група“, ми се доверува умтеникот. Веќе во овој период Бата Михаиловиќ, извонредно ситуиран во париската хиерархија, му отвори пристап во галеријата „Рив Гош“ и кон своите пријатели од прочуената „Кобра“. Еве што пишува Михаиловиќ во еден париски предговор за изложбата на Чемерски во „Галери ду Флев“ Го сакам сликарството на Глигор Чемерски. Глигор е роден експресионист. Тој е сликар со силен гест, полн со елан, со молњи и грмотевици. Бевме во потрага по истиот дух, кога мошне одамна се сретнавме во манастирот Нерези, близу Скопје. Глигор тогаш имаше токму деветнаесет години. Оваа средба пред грандиозното „Оплакување“ стори да ги откриеме заедничките корени. Оттогаш ние се колнеме само во Курбиново, Сопоќани, Ван Гог, Ел Греко и Пикасо… Се колнеме само во сликарството“.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+