Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 34 | година VI | септември-октомври, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 34септември-октомври, 2003
Галерија Осврти

Жал за Guerreνικα

/11
стр. 1
Роберт Алаѓозовски

за филмот „Прашина“, сценарио и режија: Милчо Манчевски, камера: Бери Екројд, монтажа: Ник Гастер, музика: Кирил Џајковски, улоги: Дејвид Венам (Лук), Еџ (Адријан Лестер), Анџела (Розмери Марфи), Џозеф Фајнс (Илајџа), Ен Броше (Лилит), Даскалот (Владо Јовановски), Неда (Николина Кујача), турскиот офицер (Салаетин Билал)

Мала теориска рамка

      Премислувајќи каква теориско-аналитичка рамка да му дадам на овој мој оглед за филмот „Прашина“, се решив за класичната бартовска (пост)структуралистичка дихотомија – дело/текст – затоа што сметам дека таа на најадекватен начин ќе ги изрази и моите ставови и ќе ги разреши моите дилеми во врска со филмот. Според ова, општоприфатено гледиште во теоријата е дека текстот, или интратекстуалната стварност е редослед на знаци коишто генерираат значење. Тоа се онаа материјална и нематеријална страна што почнува, во случајот на филмот, од почетната шпица па сè до завршната (доста често и шпиците, односно рамките на текстот се интекстуализираат, со нивното разместување, нивното отсуство, начинот на презентација, визуелно-типографска стилистика, така што и тие генерираат значења што се битни за текстот, заедно со другите сегменти). Делото е производ на онаа контекстуална, над-текстуална, екстратекстуална инстанца, која го разгледува, го анализира, го контекстуализира текстот, ги селектира и дефинира неговите значења, дава вредносни судови, му дава линија, го осиромашува или го збогатува. Делото настанува со тензијата на прагматичката оска, релацијата автор (тимот што работи на филмот, вклучително и продуцентите) – текст – примател (критичарот или научникот како посебен, привилегиран, примател на уметничкото дело). Текстот, иако е материјално завршен и даден, според значењата што ги генерира или може да ги генерира, е отворен, нестабилен, мултивалентен, а делото фингира стабилност, вредносен суд, ситуирање, материјализација на утврдените значења и вредности на текстот, кое може да се менува, иако не толку често, со секое ново читање на текстот и негово претворање односно конституирање во дело.

Дело (Жал за Guerreνικα)

    Рецепцијата на филмот, барем како што известуваат новинарите, ги поделила примателите, обичните и привилегираните, во два табора: оние на кои филмот им се допаднал и на оние на кои филмот не им се допаднал. Јас себеси би се ставил во еден нов табор: во оние на кои филмот и им се допадна и не им се допадна, односно ниту им се допадна ниту не им се допадна. Мора да признам дека острината, односно висината на мојот вредносен суд беше директно создадена од покачениот хоризонт на очекување што, пред сè, авторот го создаде со своето дејствување во еден подолг временски период, а се разбира,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+