Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 34 | година VI | септември-октомври, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 34септември-октомври, 2003
Звук Осврти

Парамециум

/2
стр. 1
Васја Ивановски

    Чудно име за одличен состав. Кога ќе фрлите поглед на моменталните случувања на музичката сцена во Македонија, ќе ви биде јасно дека нема многу место за фалење. Но, младите музичари што го сочинуваат овој состав се „вистинската работа“ и заслужуваат што е можно поголемо внимание. Тие едноставно се толку потребниот свеж воздух и претставуваат веројатно единствен потенцијален музички извозен артикл во овој дел од Европа; тие поседуваат можност, поседуваат пристап и идеи. Сите членови на составот се во раните дваесетти години, додека гитаристот штотуку наполни 18! Парамециум го сочинуваат Диран Тавитјан на клавијатури, неговиот брат Гаро на тапани, Боби Василевски на гитара и Дино Статров на бас. Составот има уште еден, „дополнителен“ член, тоа е Гарабет Тавитјан, таткото на Диран и Гаро, основач на составот и некогашен музичар на Леб и Сол, легендарна дружина чија музика сè уште предизвикува воздишки кај големиот број на нивни фанови во целата балканска регија. По времето поминато во Леб и Сол, овој исклучителен тапанар ја продолжи својата музичка визија во рамките на Парамециум, состав кој е, верувале или не, повеќе ценет надвор од границите на Македонија отколку во самата земја. Се разбира, тоа се должи на состојбите на музичката сцена кај нас, на различни фактори од кои би можеле да се спомнат непостоењето соодветна дистрибуција, слабата продукција во која царува медиокритетот, премногу неталентирани појави со МТВ амбиции без супстанца, со што се отежнува реализирање на потенцијалот на ретките таленти во кои ги вбројувам и Парамециум. Но, тоа може да биде предмет за некоја друга елаборација, подобро да се задржиме на талентот за кој зборуваме овде.
    Музиката на Парамециум е комплексна и, едноставно кажано, базирана на џезот и рокот или „фјужн“ што и да ви значи тоа, но таа ги истражува сопствените рамки, ги преминува жанровските граници вклучувувајќи префинети детали на македонската народна музика како посебен зачин. Тука не зборуваме за таканаречената „светска музика“, толку експлоатирана и злоупотребена последниве години. Станува збор за музика која ја допира душата и истовремено ве тера на движење. Неверојатно е сознанието дека овие млади музичари можат да прават и свират ваква музика во толку рана фаза од нивните кариери, нешто што е нормално и вообичаено за постари и поискусни музичари. Младешкиот ентузијазам и талент се веројатно причина што зборуваме за состав кој може рамноправно да се мери со кого било во моментот.
    Репертоарот на Парамециум го креират сите членови, но сите идеи ги канализира и музички обликува Диран чии влијанија се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+