Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 34 | година VI | септември-октомври, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 34септември-октомври, 2003
Звук Осврти

Препорачани албуми

/3
стр. 1
Васја Ивановски

_______________________________________________________________________

Walter Trout & The Radicals – Relentless

Ruf Records 1083

    Името на Волтер Траут им е познато на љубителите на музиката низ целиот свет, особено на оние кои го сакаат неговиот бескомпромисен, безрезервен пристап кон блуз-рок идиомот. Овој извонреден гитарист е секогаш посакуван гостин на секоја музичка свеченост, без оглед дали станува збор за големи стадиони или мали клубови преполни со посветени љубители на музиката. Неговиот агресивен начин на свирење, за разлика од неговите конкуренти, е преполн со емоции, а секој негов настап е стопроцентен настан во типично негов стил. Зад него се триесет и пет години напорна работа, години на барање свој сопствен глас, исполирана вештина со мајсторите од типот на Џон Мејел, тотална посветеност кон својата мисија што се покажува со секој нареден албум. „Безмилосен“ претставува природна прогресија на неговата уметност и веројатно е негов најдобар албум досега. Колку што знам, тој најверојатно е прв музичар кој својот нов, оригинален репертоар не го сними во студиото како што и би се очекувало, туку го презентираше и го сними пред своите фанови. Тие среќници беа собрани во прочуениот „Парадизо“ клуб во Амстердам каде Волтер Траут го испорача својот материјал. И тоа како! Тој, исто така, е и еден од ретките музичари во чија дискографија има повеќе концертни од студиски албуми. Тоа е едноставно да се разбере: Волтер Траут најдобро се „конзумира“ во жива свирка, тука му нема рамен! Самото име на албумот најдобро објаснува што го чека слушателот, колекција оригинални песни кои го рефлектираат неговиот живот, години на борба, подеми и падови на музичар, радоста да се усреќат луѓето. Се работи за материјал кој диши со страст и чувство на човек кој изминал голем пат. Четиринаесетте композиции го претставуваат Волтер Траут во најдобрата светлина, секоја песна е приказна од неговиот живот, искуство и визија. Во придружба на исклучителен бенд, тој ги започнува свеченостите со рокерски настроената „Уморен сум“ која претставува најава на она што може да се очекува во наредниве седумдесетина минути! „Животот што го одбрав“ е во стилот на составот Литл Фит и веројатно музика од неговиот личен, внатрешен филм, додека акустичните теми „Патот Џерико”, „Осамен ноќва“ и „Плачи ако сакаш“ се балади, релативно невообичаени кога станува збор за овој музичар, но емотивно донесени со неговиот карактеристичен вокал. „Повторно без работа“ е типичен Волтер Траут блуз каков што се очекува од него, едноставно не можете да не бидете опчинети со неговата способност да ви го предаде најдобриот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+