Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 34 | година VI | септември-октомври, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 34септември-октомври, 2003
Звук Осврти

Дејв Даглас - Човек со многу интереси и пасии

/5
стр. 1
Ненад Георгиевски

За Дејв Даглас не може да се каже дека е непознато име на светската џез сцена бидејќи нема награда или признание која тој не ја освоил во последните 10 години. Неговиот етеричен начин на компонирање неконвенционални конфигурации ја носи публиката во непозната и неистражена територија. Овие композиции, комбинирани со неверојатна техника и експресионистички импровизации, му донесоа признанија и од критичарите и од публиката. Разновидноста на неговите влијанија е евидентна во неговата работа, односно во големиот број бендови кои ги предводи: Charms of the Night Sky, Tiny Bell Trio, Parallel Worlds, Џез Секстет, електронскиот двоен квартет Sanctuary. Можеби неговиот најпознат проект е долгогодишната соработка со ансамблот на Џон Зорн, Масада. Како член овој бенд тој веќе има настапено во Скопје во 1995, како и минатата година кога настапи со Новиот Квинтет кога го промовираше минатогодишниот “Infinity”, а неодамна го издаде и новиот албум “Freake In”

    Дејв Даглас е позната личност во светот на современиот џез која одлично се снаоѓа во различни жанрови без разлика дали се работи за фри-џез, индиска или балканска музика. Како композитор, импровизатор и трубач тој е целосно посветен на создавање музика која ги пробива границите и сфаќањата на традиционалната форма на џезот. Со силна позадина во џезот, тој постојано ги доведува во прашање границите на жанровите и ги преиспитува претпоставките и размислувањата за музиката со секој негов проект. Разновидноста на неговите влијанија и интереси е евидентна во неговата работа односно големиот број бендови кој ги предводи поради што се чини дека тој има замешано прсти во милион различни работи.
    Ако сакате да ја сфатите неговата музика тогаш ќе треба да ги избришете сите ваши претходни сфаќања, дефиниции и размислувања за џезот бидејќи тоа што тој го создава не може лесно да се категоризира. Во својата кариера тој настапувал со безброј ансамбли и учествувал на над 70 туѓи албуми додека во последниве 15 години тој има објавено околу 16 албуми и е предводник на 8 бендови. Секој од овие бендови свири музика која е уникатна и различна сама по себе и на свој начин го отсликуваат неговиот вкус и интереси.
    Со музика почнува да се бави на многу рана возраст свирејќи на повеќе инструменти за да на крајот ја одбере трубата како негов главен инструмент. Во средно училиште тој учи џез и класична хармонија и почнува да свири импровизирана музика како студент во Барселона, Шпанија. Подоцна тој студира на познатиот универзитет Беркли во Бостон и на њујоршкиот универзитет, настапува






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+