Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 35 | година VII | март-април, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 35март-април, 2004
Поезија

Генерика

/4
стр. 1
Љупчо Димитровски

124.
131.
156.
188.

_______________________________________________________________________

124.
(сеќавање)

нема што ни да се кажува
ни што да се докажува
тоа што беше така беше
па не треба да се бараат
некакви значења некакви игри
во неа или во нас
или намера да се прикаже
нова состојба на духот
во слики од љубовен занес

едноставно бевме ние
дури таа беше со нас
со страст по некоја тага
во очите со далечна ѕвезда
многу подоцна многу предоцна
ја узнавме нејзината смрт

всушност нејзиното
бавно умирање
како жолт лист на сува гранка
да гасне во воздухот
пред да паднат заедно
и листот и сувата гранка
во понори во замолк
сосе ветер од долга есен

не се тоа
никакви значења никакви игри
нема што допрва
да се разоткрива
да се толкува
да се промислува
тоа што беше така беше

веќе не треба да се бара поезија
ниту некаков извор
или творечки предизвик
едноставно се случи
тоа со неа што се случи
тоа со нас што се случи
а после војната и смртта
а после играта
не занесе толку
што сосема заборавивме
на почетокот
на нашиот крај

бидете сигурни
дека водевме љубов
оти таа никого од нас
не познаваше
ниту во болеста во страста
себе си се препознаваше






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+