Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 35 | година VII | март-април, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 35март-април, 2004
Проза

Сите свршувачки на тетка Љуба

/11
стр. 1
Србо Ивановски

    „Таква плетка немам видено“, рече татко ѝ. „Ги знам сите џемпери што ги имаш плетено, но таква не сум видел.“
    Иако не го креваше погледот од црвениот конец што се провираше низ иглите, тетка Љуба знаеше дека татко ѝ е легнат на грб и дека подлактицата од десната рака ја има пикнато под темето за да може полесно да го шета поггледот по таванските штици.
    „И во плетки почна да се разбираш“, му се потсмеваше тетка Љуба. „Мислев оти не ти е грижа за нив.“
    „За плетките знам повеќе одошто бабите“, се обиде да се пошегува седнувајќи на креветот. А потоа стана. Таа се сети како поминува по нејзиното теме студот од неговата сенка, иако сонцето не влегуваше во собата поради богатото зеленило на лозата. Но тоа потраја само еден момент, зашто зачас дедо Моне се здаде на тремот. Како сениште. Неговата побелена глава прошета токму под саксиите со расцутени шеќерчиња што беа наредени во камарата на ѕидот спроти нејзиниот прозорец.
    Над собата на тетка Љуба, на катот, живее Марија. Малечката розова Марија. Мошне слатка и мошне кревка. И нејзиниот маж, капетанот Бодо. Пред малку, додека слегуваше по скалите, господин Бодо се обидуваше да ја запее мелодијата што почна да ја потпевнува уште утринава, во истиот момент кога се разбуди. Всушност, неговата малечка, розова Марија тврди дека господин Бодо својот утрински концерт го почнува уште пред да ги отвори очите. „Мелодиите како да ноќеваат на врвот од неговиот јазик. И штом ќе ја отвори устата, излетуваат како птици“, вели Марија, но тетка Љуба не може да сфати дали таа се жали или пак сака да ја истакне ведрината и животната радост на нејзиниот маж.
    Инаку, пеењето на господин Бодо е од посебен вид и може слободно да се нарече необично. Тоа е еден вид свиркање низ заби, при што мелодијата одвај успева да се провлече низ набабрените и малце стегнати усни, што при испуштањето на звукот потреперуваат. Изгледа господин Бодо не може да си замисли пеење во кое барем со некој елемент не се присутни некои од карактеристиките на нежните инструменти, например флејтата.
    Денес, кога слезе во тремот, господин Бодо учтиво ѝ се насмевна на тетка Љуба. „Добро утро, госпојце Љубо“, рече господин Бодо и војнички поздрави. Секогаш кога одеше на бунарот да се мие, господин Бодо слегуваше по скалите гологлав, но и покрај тоа козируваше.
    Тетка Љуба ја сврти кон него искривената глава, чудно посадена на долгиот врат, го остави за момент плетењето и го премести






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+