Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 35 | година VII | март-април, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 35март-април, 2004
Проза

Куси раскази

/5
стр. 1
Соња Манџук

_______________________________________________________________________

Кога се разбуди беше ист ден

• чашата од првиот пасус – се скрши
    • најдете интерес во нешто поактуелно & посуштествено


    1.

Тој ден сфати дека ништо цврсто не држи, ниту за нешто цврсто се држи а ниту цврсто го држи. Ниту за својот живот, ниту за него, а ни во своите раце. Освен чашата моментно. А /и/ таа беше празна.
    Не ја наполни. Ладилникот се чинеше далеку. Ноќта на одминување. Замина да отпочине.
    Кога се разбуди беше ист ден.


    2.

Тој ден, човекот за кого овде, ете така, стана збор, сфати дека ништо /цврсто/ не држи, ниту за нешто /цврсто/ се држи а ниту нешто /цврсто/ него го држи. Ниту во животот, ниту за него, па ни во своите раце. Ништо, моментно, барем.
    Ноќта веке беше на одминување и затоа замина да отпочине. Уморен. Беше.
    Кога се разбуди ист ден беше.


    3.

/И/ тој ден, човекот за кого овде нешто како биографија, (живот) опис или што: во еден миг сфати дека: ништо цврсто не држи; ниту за нешто цврсто се држи; а ниту нешто цврсто го држи; ниту во својот живот; ниту за него; ниту во своите раце; ништо; моментно; значајно, барем.
    Ноќта беше на одминување. Да се отпочине потребно беше. Да отпочине, замина.
    Ист ден беше, кога се разбуди.


    4.

И, бидејќи ист ден беше, што има сега тука нешто, као, ова или она.


    PS. Ако ве интересира што е со чашата од првиот пасус: се скрши.

PSP. Му испадна од рака. На човекот за кого овде, ете така, стана збор. Додека ја носеше кон ладилникот. Или кон мијалникот. Во иста насока, секако. Токму денес, можеби. Инаку, тоа не беше неговата последна чаша. Цел сервис од шест исто такви чаши имаше. Знаци: му останаа уште пет, ако во меѓувреме не скршил уште некоја. Но: тоа е друга приказна.

Post Factum:
    Ако ве интересира зошто во вториот и третиот пасус не користеше – да не речеме: држеше – една од останатите пет исто такви чаши: се интересирате за веќе завршени и банални нешта. Најдете интерес во нешто поактуелно и посуштествено.

Бидејки соседите знаат сè за своите соседи

    Тоа утро човекот се разбуди тежок. Му тежеше главата. Му тежеа рамената. Рацете. Му тежеа и очите и одвај ги распознаваше предметите околу себе. Му тежеа и нозете и со тешкотии се движеше. И трупот му тежеше многу та затоа неговите стапала пропаднаа неколку сантиметри во сувата земја[1]. Му тежеше и стравот кој се појави во неговите очи и му ги рашири зениците.
    Стравот, всушност, најмногу му тежеше.

_____________________________________

1. Сувата земја во овој случај е само стилска фигура.Внимателниот читател сигурно забележал, или ќе забележи од речениците кои следат, дека човекот е сместен во простор кој иако не е децидно означен како спална соба на пр., експлицитно е дека е тоа. – з.а.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+