Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 35 | година VII | март-април, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 35март-април, 2004
Есеи

Гледишната точка

/2
стр. 1
Дејан Ничевски

    Во споредба со популарните брборења од дваесетиот век, класичните филозофски системи се чуда на консеквентноста. Прашање е дали современиот човек може да создаде толку обмислени духовни зданија. Сепак, дури и највидните филозофи често протежирале спротиставени идеали. За пример, помислете на слободата. Ретко кој се чувствува слободен ако му е точно одредено што треба да прави. Најголемата слобода подразбира отвореност на сите можности, или апсолутна неодреденост. Од друга страна, сознајните идеали го бараат токму спротивното. Теоретичарот сака да има најпрецизни знаења за секое нешто; сè треба да биде јасно определено или дефинирано. Оттаму потекнува и застапеноста на чистите геометриски идеали во филозофијата. Уште од времето на Питагора, вистината била споредувана со совршеното геометриско тело, со топката. Секако, притоа не се мислело на јајчеста или елипсовидна топка, ниту пак на некоја крпеница со разни бои, шавови и ознаки. Геометрискиот израз на вистината била една идеална топка, која што е иста од сите страни. Како и да ја завртиш, од каде и да ја погледнеш, таа си останува тоа што е. Со други зборови, таа е независна од гледишната точка.
    За жал, уметничката класификација на совршеното геометриско тело покажува дека топката не спаѓа во сликарството, туку во скулптурата. По правило, сликите се реализираат на рамна површина. Но, дури и кога таа површина би била рапава, брановидна, конвексна или конкавна, сликата сепак во многу нешта би зависела од местото на набљудувачот. Стандардно, сликата како уметничко дело се гледа само од напред, не од страна или одзади. Значи, ќе зборуваме само за фронталната оддалеченост и умерените застранувања на гледачот.
    При изработката на сликата, уметникот е сосем близу до неа; некогаш ја допира со прсти или буквално зацапува во неа. Меѓутоа, сликарот мора да го координира непосредното видување со разгледувања што се вршат од поголемо растојание, или под различен агол. Затоа, квалитетното сликарско ателје подразбира широчина; во спротивно, многу сознанија за сликата при нејзиното создавање остануваат во доменот на претпоставките.
    Секако, доколку не знае каде довршената слика ќе биде изложена, сликарот може само да нагаѓа од каде (од кое растојание, под кој агол…) таа слика ќе биде најчесто гледана. Обично се подразбира некоја „културна оддалеченост“ при која гледачот не диши во сликата или не кашла во неа. Растојанието на реципиентот многу зависи од величината на сликата; минијатурите не можат да се гледаат од десетина метри, додека некои монументални слики можат убаво да се видат и од многу поголеми далечини. Всушност, најдобро е кога самата слика го доведува гледачот до






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+