Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 35 | година VII | март-април, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 35март-април, 2004
Критика

Отелотворување на зборот и изрекување на телото

Кон поимот на политичкото кај Морис-Мерло-Понти


/7
стр. 1
Клемен Феле

Тело, збор, интерсубјективност

    Изминаа 100 години од издавањето на Logishe Untersuchungen и со прашањето за свеста ја отвораме приказната за феноменологијата, која може да биде толку голем редукционизам, со што би можело да се заокружи голем дел од денешната филозофија. Најголемиот метафизичар на 20 век Дерида за неа кажува дека е метафизика. Филозофијата можеме да ја поделиме на херменевтична феноменологија, која се занимава со читање на траговите на текстот и авторот и постмодернистична феноменологија, на која што ѝ се заканува опасност од социологизација, која што во крајна мера достигнува единствено малку или повеќе точна дескрипција, а за прашањето за битието (Wesen) како прашање од нишката за водењето на битот (Sein), не е свесна за тоа и не го порекнува. Постмодернистичката феноменологија сака да биде филозофија на редуцираната или на деструираната смисла. Понекогаш тврди дека не постои свест, па така запливува во не-разумот; поаѓа по непреоден пат на не-битието и се поставува од онаа страна на одговорноста. List der Vernunft се претвора во Verlust der Vernunft (или лукавоста на умот се претвора во изгубување на умот), пишува Ханс Ебелинг во книгата Das Subjekt in der Moderne. Ако умот е тоталитарен, не можеме да се одрекнеме од неговиот тоталитет. Со тоа самите себеси си го одземаме основиот алат, во можноста за преминот од посебното кон општото.
    Свеста по Хусерл е секогаш свест по нешто. Дејството, познато уште на Хегела, различно е развиено и останува во хоризонтот на проблемот во живиот презент. Интенционалноста, како усмереност кон нешто, како спој од интенционален акт и интенционален објект може да се исполни во целина или не. Постои и негативна неисполнета интенционалност. Од големо значење е, преку поимот на интенционалноста (да) станеме свесни за разликите помеѓу мисленото, то ест мисли, и мислење, noeme и noesis. Врз таквата разлика треба, колку и да е тоа тешко, бесприговорно да се инсистира. Зошто? Ако заборавиме и немаме на увид, како кога самите доаѓаме до некои мисли, ставови, предрасуди во позитивна и негативна смисла, како тече струјата на свеста, тогаш брзо паѓаме, се враќаме назад, во природното држење. Прашањето што останува за секој феноменолог е како да се инсистира врз феноменолошкото настојување и дали не е тоа воз/можно само како екстаза, како среќен момент на исполнетоста. Не можам детално да ја развијам методологијата на феноменологијата како гносеологија, но ќе напоменам на две предрасуди, кои се јавуваат во врска со Хусерл и тоа кај најпознатиот Хусерлов ученик– Хајдегер. Првата е солипсизам на трансцеденталните субјективитети,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+