Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 35 | година VII | март-април, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 35март-април, 2004
Галерија Осврти

Подвижното кино на Министерството за просвета

(1944-1950)


/9
стр. 1
Илинденка Петрушева

    Подвижните кина најчесто се поврзуваат со пионерските денови на кинематографијата. Во недостиг на постојани киносали, градовите и помалите места ги крстосувале подвижни кина. Во циркуски шатори, во кафеани, на отворен простор, тие ја пренесувале и ја прикажувале новата атракција – подвижните слики. Такви кина, во најголем број од Западна и Средна Европа (Италија, Франција, Германија, Чешка…), го започнале својот „поход“ веднаш по појавата на кинематографот, значи веднаш по 1895 година. И токму едно такво подвижно кино од Италија гостувало и во Битола, во 1897 година, и според досегашните податоци тоа е првото јавно прикажување филмови кај нас. Нешто подоцна, а тоа значи кон почетокот на дваесеттиот век и понатаму, голем број нашинци се снабдиле со подвижни кинопроектори и во разни населени места прикажувале филмови. Подвижното кино на Милан Голубовски од 1907 до 1909 година посетило голем број населени места во Западна Македонија и Албанија. Подоцна, кон крајот на дваесеттите и во текот на триесеттите години од минатиот век се регистрирани повеќе подвижни кина: браќата Кермаер од Чешка го обиколувале Овчеполието, циркусот со подвижното кино на делчевецот Димитар Станоев-Факирот (Мискеџијата) ги обиколувало Малешевијата и Овчеполието, додека, пак, подвижното кино на богданчанецот Илија Џонов направило обиколка на Повардарјето и Пелагонија и стигнало до Охрид. Покрај забавниот карактер што го имале овие кина, треба да се потенцира и еден друг факт – подвижните кина, во целиот тек на развојот на кинематографијата, имале и пропагандни и просветителски улоги. Во штабовите на сите завојувани страни за време на Балканските војни, Првата и Втората светска војна постоеле подвижни кина, кои се користеле, покрај за потребите на војските, и за граѓанството. Пропагандите, во овој случај, биле неодминливи. Здравственото просветување, пак, по пат на филмот го практикува Хигиенскиот завод од Скопје, кога уште во далечната 1922 година започнува да работи подвижното кино на овој Завод. Целта на работата на ова кино била што поголем број од населението во Македонија, преку прикажување здравствени филмови, да научи да се штити од тогаш распространетите болести тифус, маларија, туберкулоза…

* * *

    По завршувањето на Втората светска војна во републиките на тогашната ДФЈ (а нешто подоцна ФНРЈ) се развива широка мрежа на подвижни кина, чии цели се движат од разонода на населението, агитација, па сè до просветување од секаков вид (здравствен, културен, спортски, натпреварувачки…). И Македонија не била исклучок од оваа интенција. Па така, низ страниците на македонскиот печат ќе го фокусираме интензивното работење на подвижните кина на Главната дирекција на железниците на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+