Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 35 | година VII | март-април, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 35март-април, 2004
Звук Осврти

Музиката и технологијата

– дискусија –


/7
стр. 1
Филип Глас

Филип Глас е домаќин на дискусија меѓу четворица композитори во врска со влијанието на дигиталната технологија врз музиката.

Филип Глас: На кој начин влијаеше дигиталната технологија врз вашиот начин на компонирање?

Мортон Суботник: Со технологијата работам уште од доцните 50-ти и се обидувам да создадам технолошка музика. Технолошката музика, според мене, е поинаква од инструменталната музика; инаку, ќе нема причина таа да се создава. Од моја гледна точка, дигиталната технологија е исполнување на една животна визија. Никогаш не замислував дека ќе биде толку квалитетна. Ефектот кој го имаше беше да ми помогне тоа што го правам да биде поцелосно. Навистина е тешко да се каже како точно изгледа таа промена, бидејќи со технологијата работам уште од самиот почеток. За композиторите кои компонираат инструментална музика, пристигнувањето на дигиталната технологија има поголемо влијание. Мајкл Рајсман: Како и повеќето од мојата генерација, сè уште компонирам музика на работна маса со лист хартија и молив во рака. Може да се каже дека најзначајниот развој во дигиталната технологија е развојот на дигиталниот синтисајзер и технологијата за семплување. Останатите пронајдоци кои спаѓаат во областа на дигиталното, како што се CD и DVD дигиталното процесирање на сигналот и снимањето на хард дискот се од своја страна корисни меѓутоа тие не создадоа нови начини за создавање музика како синтисајзерите и семплерите. Сега, кога компонирам, јас сум свесен за можностите на електронскиот медиум и повеќето од работите што ги работам вклучуваат и синтетички и акустични звуци.
    Дигиталната технологија исто така влијаеше врз процесот на компонирање со тоа што сега е релативно лесно да се сними една електронска нумера па дури и во едно евтино домашно студио. Кога почнав да компонирам музика, единствениот начин на кој можев да слушнам едно ново парче оркестрална музика е да ги копирам сите делови и да ги отсвири еден оркестар. Ова не е лесна задача ако не сте некој познат композитор. Иако нема да звучи исто, синтисајзерскиот оркестар ќе овозможи реализација која е доволно добра за да може да се учи од неа.

Пол Милер (или DJ Spooky): Мислам дека технологијата е продолжение на тоа што веќе претходно се има случувано. Споредено со нотационите симболи на европската класична музика и ритмовите на западноафриканската музика, компјутерот е формализација на истите тие процеси. Компјутерот прави сето тоа што беше формално и структурално ориентирано да стане имплицитно во својата основна форма на интеракција. Мислам на тоа како Џон Кејџ зјапал во пијаното за време на „тивките“ композиции. Тој сакал да го






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+