Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 35 | година VII | март-април, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 35март-април, 2004
Театар Осврти

Слобода на жената ... Смрт на трагедијата

„Антигона“ на Кемал Коџатурк


/3
стр. 1
Емилија Матаничкова

сценографија и костимографија: К.Коџатурк и Беди Ибрахим

Играат: Несрин Таир (Антигона); Филиз Ахмет (Исмена); Мустафа Јашар (Креон); Ертан Шабан (Хемон); Елјеса Касо (Тиресиј и Водител на хорот); Кемал Коџатурк (Хор, глас) и Атила Клинче (Стражар и Гласник)

    Факели и статична двобојска слика од таткото Креон и синот Хемон во пламтежот на источнички филозофски (дервишки) мелос. На двете нивоа: кругот сцена а другиот е од комплексот на античкиот град. А факелот го иницира античкото време и воедно е во улога на светло, заедно со потаму придружните рефлектори;
    Двете сестри Исмена и Антигона насреде, во круг од бели зрнца песок, со трупот на братот Полиник. Белиот фустан и црвените чорапи на Исмена, а црно-белата комбинација во фустанот на Антигона; модел што е потрадиционален од оној на Исмена; харемско-антички е, и повеќе со источнички дезен. И не случајно беа таквите кројки од облека и не случајни беа боите од кои јасно се испишуваа гледиштата на овие девојки, за нивното дејствување по прашањето за животот /моралот/ смртта/. А тоа го имаше и во облеката на Креон, бело со црвена наметка, златесто долго парче, што е класична варијанта на костим кога е во прашање владетел.
    Во оваа „Антигона“ живееше театарскиот јазик од чувства, ритам, мелодија, боја, со минимален идеолошки и брехтов ефект. Истите се преплетуваа и во драматуршки извлечената игра, но и кога демократскиот, актуелен глас (доаѓаше од ТВ без програма, електронски рез) на режијата. Звукот – како најава/ударност за она што ќе следува.
    Фабулата на трагедијата е позната. Бремето кое го носи Антигона пред и по извршувањето на обредот=погребување на својот брат, заради должноста кон божествата; сестринска љубов; нејзиниот конфликт со Исмена, а најмногу со Креон, којшто, пак, е во постојан судир со својот син Хемон (=љубата на Антигона и негова прва братучетка), кој, пак, е распнат помеѓу силната љубов и нескршливиот „демократски“ / татковски закон. Бдеачите и мислителите на туѓите судбини, хорот и корифејот, имаат повеќе пасивна, помошничка улога, којашто нема некое влијание кај Креон, сè до оној момент кога ќе истапи Терезиј; хорот е моќен пред немоќните, пред Антигона.
    И покрај тоа што оваа постановка имаше идеолошки ракурс, како да недостасуваше женската форма/игра/содржина кај Антигона, земајќи го предвид карактерот кој таа го има: носена од чувства, силна етика, посегање по женски подвиг што е еруптивно сензибилно спротивставување на тој полис; таа беше и умна и безумна, силна а слаба, горда и осамена во одлучувачкото чекорење кон смртта. Таа повеќе ја покажуваше својата потиснатост пред неменливите државни окови. Можеби






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+