Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 35 | година VII | март-април, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 35март-април, 2004
Театар Текст

Малечката

/3
стр. 1
Сема Али

_______________________________________________________________________

..тајна..

Ќе ти откријам една тајна: решив да пишувам за тебе, за тоа колку е сè невистинито. Сè е искривено. Каде се огледалата!? Можеби и ти не си вистинит, претпоставувам никогаш и не беше. Како да си изгубен во некој исфлекан град… маглата одамна паднала. Можеби те прочитав некаде, да, те прочитав некаде, се заљубив во тебе, тргнав по твојот пат и сфатив дека сум на слепа улица. Улица која никаде не води. Сфатив дека се вртам во круг трудејќи се да дојдам до вистината. Знаеш, ќе ти откријам една тајна. Немам веќе тајни, ги убив сите.
    Сега замолчувам. Заврши патувањето. Прогонета сум во измачување поради тајните размислувања на една жена. Сега слободно можеш да ми ја подариш твојата тајна. Ќе ја чувам засекогаш.

ликови

МАЛЕЧКАТА
    РОБЕРТО 1 – замисла на Малечката
    РОБЕРТО 2 – исто
    МАЈКАТА
    ТАТКОТО
    СЕСТРАТА
    БРАТОТ
    ДЕВОЈКАТА
    ДЕЧКОТО
    ПРВИОТ ЧУВАР
    ВТОРИОТ ЧУВАР
    ПРВИОТ ДЕДО
    ВТОРИОТ ДЕДО
    МРТОВ ИНСПЕКТОР
    ПРВИОТ ЖИГОЛО
    ВТОРИОТ ЖИГОЛО
    Гласови на мажи, жени и деца.

Сцена 1
    НАДЕЖ

Затворска ќелија. На подот седи Малечката, до неа има гулаб во кафез. Му зборува на гулабот.

МАЛЕЧКАТА
    Те пронајдов. Сцената е и овојпат празна. Ти го слушам крикот. Се губиме во бестелесниот простор. Знаеш, ќе ти откријам една тајна, не гледам повеќе. Чудно, нели? Но, вистинито. Вистината е најбитна. Без неа не може да се живее, нешто како вода, воздух, нешто како… не знам, како нежен допир,… негде на полноќ, по пупките на жедните гради на девојка без чувство. Ако ти речам да ме допреш…
    (Пауза)
    Имам чувства… знам да мразам. Миг, два… чекор, два и болка. Тапа болка по штурото срце. Кал. Пропаѓаме. Мислев дека те пронајдов. Дали почнува играта или пак штотуку заврши!? Молам!?… Не слушам повеќе, извини! Некогаш постоеја тајни. Ги убив сите, освен една, ја изгубив. Веќе немам тајни.Некогаш сакав да стигнам до сонцето. Да се движам нагоре, да поминувам низ ѕидови. Сакав да бидам проѕирна, нешто како воздух. Се појави Зуко и ми рече: Безнадежно, нема никогаш да го дофатиш сонцето!… Се намуртив, почнав да плачам. За ова ли те чекав Роберто, за ова ли копнеев. И… решив, ќе стигнам до сонцето. Тргнав, стигнав, видов, ги испружив рацете и… молк… те мразам Роберто. Те мразам… а, јас сакав да ги чувам сите твои тајни, сакав да бидам куфер за твоите тајни… но, сега, сега те мразам…
    (Пауза)
    Ги испружив рацете, сонцето беше многу далеку. Ме излажа и избега љубов моја… И решив да ги убијам сите тајни, освен една, … ја изгубив. Откако исчезна, реков дека те убив.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+