Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 35 | година VII | март-април, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 35март-април, 2004
Есеи

Надминливата грдотија

/3
стр. 1
Дејан Ничевски

    Убавото и грдото обично се сфаќаат како два спротивни пола: убавото не е грдо, и грдото не е убаво. Кога треба да се определат за нешто, луѓето по правило го земаат убавото и го отфрлаат грдото. Естетички, убавото се дефинира како она што им се допаѓа на сетилата. Значи, како спротивност на убавото, грдото е она што не им се допаѓа на сетилата. Љубителите на убавото се запознаваат со грдото само за да можат да го одбегнат, или да создаваат убавини конфронтирајќи се со грдотиите.
    Сепак, светот не е така двоставен. Повеќето нешта не се ниту само убави, ниту само грди. Убавото во кое не забележуваме ни најмала грдотија го нарекуваме прекрасно. Грдото што е сосем лишено од убавина го сметаме за грозно. Главно, животот си тече помеѓу прекрасното и грозното. Убавината партиципира и кај грдите; грдоста често се здружува со убавите нешта. На пример, некои грди феномени инволвираат убави елементи коишто ги прават прифатливи. Подносливо грдото го именуваме како грдучесто. Од друга страна, извесни убави нешта поседуваат и грди сегментчиња кои иако се забележуваат, сепак се далеку од можноста да ја загрозат доминацијата на убавото. Она што е убаво со занемарливо учество на грдото се зема за убавичко или убавко. Згодното или елегантното се добиваат со нежно истенчување на најубавите форми. Миловидното и симпатичното претежно престојуваат на самата средина помеѓу убавото и грдото.
    Ergo, постојат безброј нешта кои се делумно грди: некои нивни компоненти не се допадливи за сетилата. Светот познава успешни естрадни суштества кои се непријатни за сите сетила. Популарноста и богатството на тие суштества покажува дека нивната грдотија била масовно надмината, и дека тие од депонијата на одвратното преминале во сферата на обожуваното. Искуството еднакво покажува дека и покрај солидните изборни можности, многу личности за свој брачен сопатник одбрале лице кое не е близу до идеалот на естетичноста. Како домашни миленичиња, често се чувани застрашувачки или одбојно грди животни. Низ историјата, сликарската уметност умеела да овековечи мошне неубави луѓе. Сите тие случаи демонстрираат своевидно апсолвирање на грдоста. Накусо ќе го објасниме тој процес.
    Пред сè, ја оспоруваме уметничката релевантност на психолошката идентификација. Вистина е дека славата на бесмисленото и неартикулираното главно се должи на фактот дека и обожавателската толпа ја поседува истата дезориентираност. Платоновски кажано, грдото му се радува на грдото. Точно е дека во сестраната грдотија секој човек може да го препознае и она делче од грдоста што го има кај себе, и истото да го симпатизира со енергијата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+