Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 35 | година VII | март-април, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 35март-април, 2004
Галерија Осврти

Глобализација и идентитет

/2
стр. 1
Емил Алексиев

    Меѓу локалното и глобалното, националното и универзалното, меѓу потребата да се зачува сопствениот идентитет и потребата да се биде дел од големата културна синтеза на Запад, се движи македонската уметност повеке од еден век.
    

    Длабоките и сеопфатни општествени промени што ја потресуваат Македонија во 19-тиот век, го забрзуваат текот на историјата. Со прифаќањето на европските културни вредности и цивилизацијски придобивки се напушта традиционалниот начин на живеење и се менува севкупниот поглед на светот. Се создава „современ мит за Европа“ кој стеснет на поимот Запад како место на остварена човекова среќа и благосостојба, ги отвора оптимистички перспективите на еден брз напредок. И додека процесот на европеизацијата, посебно нагласен во градските центри од средината на овој век, ги зафаќа сите сфери на општествениот живот, веќе се јавуваат и остри спротивставувања кон стихијата која ја носи Македонија. Македонската интелигенција од ова време, го поставува прашањето како да се достигне Европа а да се зачува сопствениот идентитет, како да се зачуваме себеси од туѓиот јазик и култура, како да се биде дел од светот а да се остане свој?
    

    Во моментот кога се случуваат овие драматични промени се јавува и првичниот нагласен интерес за сопствената традиција. Започнува борбата за откривање и осмислување на автохтоноста на сопственото културно минато која добивајќи димензии на своевидна национална културна програма прераснува во крвава битка за сегашноста и иднината. Народното творештво во кое е сосредоточена смислата на нашето историско истрајување во времето, го добива значењето на источник кон кој се свртува една цела генерација македонски просветители, писатели, поети и револуционери во потрага по сопствениот идентитет. Свеста дека таа сума на вредности што овој народ ја создал и зачувал од уништување и заборав, го претставува неговото културно наследство – народниот бит, обичаите, усното предание како извод од книгата на родените, како негација на лажните легитимации издавани од поробувачите кои го прикриваат она што сме – го одредува и насочува веќе отворениот процес на национално конституирање.
    

    Со остриот рез кон крајот на 19. век, пресечени се последните нишки кои ја поврзуваа македонската ликовна уметност со илјадагодишната традиција. Граѓанската уметност набрзо замира, но, веќе со појавата на македонската модерна во 20-тите години од 20-тиот век, започнува процесот на поврзување со современите европски движења во уметноста. Прифакајки ги со задоцнување и следејки ги на отстојание бурните промени во европската уметност, кај македонските уметници расте интересот за вклучување во овие брзи текови, но и интересот за сопствената ликовна традиција.
    

    Од ненаметливото, суптилно влијание на непосредниот допир со ликовните






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+