Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 36 | година VII | мај-јуни, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 36мај-јуни, 2004
Поезија

Револуцијата нема да биде на телевизија

Превод од англиски: Елизабета Баковска


/2
стр. 1
Гил Скот-Херон

Револуцијата нема да биде на телевизија
Белецот на Месечината

_______________________________________________________________________

Револуцијата нема да биде на телевизија

Нема да можеш да останеш дома, брате.
Нема да можеш да вклучиш, да пуштиш и да се повлечеш.
Нема да можеш да се изгубиш во хероинот и да скокнеш,
да скокнеш по пиво дури одат рекламите.
Бидејќи револуцијата нема да биде на телевизија..

Револуцијата нема да биде на телевизија.
Револуцијата нема да ти ја донесе Ксерокс
во четири дела без пропагандна програма.
Револуцијата нема да ти покаже слики од Никсон
кајшто задуван во рог ја води дружината на Џон
Мичел[1], Генерал Абрамс и Спиро Агњу[2] да јадат
свински желудници конфискувани од некое светилиште во Харлем.
Револуцијата нема да биде на телевизија.

Револуцијата нема да ти ја донесе
Театарот Шефер Аворд и во неа нема да настапат Натали
Вудс и Стив Мек Квин или Булвинкл[3] и Јулија.
Од револуцијата нема да имаш сексипилна уста.
Револуцијата нема да се ослободи од ситниците.
Од револуцијата нема да ослабиш две кила,
Бидејќи револуцијата нема да биде на телевизија, Брате.

Нема да има слики од тебе и од Вили Меј[4]
Како во мртва трка по улица ја туркате количката за купување
или го пикате телевизорот во боја во украдената амбулантна кола
NBC нема да може да го предвиди победникот во 8.32
или да известува од 29 области.
Револуцијата нема да биде на телевизија.

Нема да има слики од свињи кои пукаат во
браќата како итна реакција.
Нема да има слики од свињи кои пукаат во
браќата како итна реакција.
Нема да има слики на Витни Јанг[5] изнесен
од Харлем за сосема нов процес.
Нема да има успорена слика или мртва природа на Рој
Вилкенс[6] како шета низ Ватс во црвен, црн и
зелен кобилизон за кој штедел
само за свечени прилики.

„Зелените полиња“, „Хилбилиеви од Беверли“ и „Раскрсницата
Хутервил“[7] нема веќе да бидат толку важни,
а на жените нема да им е грижа дали Дик конечно се фатил
со Џејн во „Потрага по утре“ бидејќи Црнците
ќе бидат на улица барајќи посветол ден.
Револуцијата нема да биде на телевизија.

Нема да има топ вести во дневникот во
единаесет и нема да има слики на влакнести вооружени
ослободувачки и на Џеки Оназис кајшто си го дува носот.
Главната песна нема да ја напише Џим Веб,
Франсис Скот Кеј[8] нема да ја пеат Глен Кембел, Том
Џонс, Џони Кеш, Енглберт Хапердинк или „Ретка земја“[9].
Револуцијата нема да биде на телевизија.

Револуцијата нема да се врати веднаш по пораката
за белото торнадо, белата молња, или белите луѓе.
Нема да мораш да се секираш за гулабот во
спалната, тигарот во казанчето, или џинот во нокширот,
револуцијата нема подобро да лизга со кока-кола.
Револуцијата нема да ги елиминира бактериите заради лош здив.
Револуцијата ќе те стави тебе да возиш.

Револуцијата нема да биде на телевизија, нема да биде на телевизија,
нема да биде на телевизија, нема да биде на телевизија.
Револуцијата нема да има репризи, браќа.
Револуцијата ќе се дава во живо.


_____________________________________

1. John N. Mitchell (1913-1988). Близок соработник на Никсон, Министер за правда во неговиот кабинет. Осуден и служел затворска казан за своето учество во скандалот Вотергејт.
2. Spiro T. Agnew (1919-1996). Потпресетдател на САД, во времето кога претседател беше Никсон.
3. Bullwinkle. Лик на елен од цртани филмови.
4. Willie May. Црн играч на безбол од педесеттите, познат по својата брзина.
5. Whitney M. Young, Jr. (1921-1971). Активист за граѓански права.
6. Roy Wilkins (1901-1981). Активист за граѓански права. Заедно со Мартин Лутер Кинг бил еден од организаторите на Маршот на Вашингтон во 1963 година.
7. Green Acres, The Beverly Hillbillies, и Hooterville Junction се првите сапуници на американската телевизија, кои се прикажуваа со години, почнувајќи од педесеттите, па сé до осумдесеттите.
8. Francis Scott Key (19779-1843). Автор на стиховите на химната на САД.
9. The Rare Earth. Ритам и блуз група од седумдесеттите.





Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+