Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 36 | година VII | мај-јуни, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 36мај-јуни, 2004
Проза

Патишта

/7
стр. 1
Васе Манчев

    Познатиот историчар В.М. врвен научен познавач на личноста и времето на Александар III Македонски, со своето последно дело ѝ приреди изненадување на македонската научна и друга љубопитна јавност. Имено, тој не објави научна студија со нови факти и сознанија, туку – роман со наслов „Смртта на Александар“! Во извесна смисла делото беше необично и по тоа што почнуваше со смртта, што не само во македонската литературно-уметничка практика претставуваше нова и значајна творечка досетка. Не се работеше за лесно менување на природниот ред на нештата, колку заради впечаток, ами за раскажувачка постапка во обратна насока на чијшто крај беше – раѓањето! Тоа беше сторено со богата уметничка дарба, мошне вешто усогласена со еден сосем особен начин на мислење на одмерен научник кој откриваше конечни сознанија за можеби најзалудните настојувања и усилби на човекот.
    Меѓутоа, и покрај задоволството од завршеното дело, В.М. се чувствуваше испразнет и преморен, како човек кој нема повеќе што да каже ниту за Александар ниту за себе, како патник кој, по многу години напрегање, неизвесност, трагања и несоници, стигнал до целта и сфатил дека тоа е неговиот творечки крај, дека повеќе нема каде. По толку прочитани книги (сè што беше напишано и објавено во светот за Александар и имаше изворна научна вредност) и по толку патувања во сите места кадешто великанот над великаните живеел, војувал или само стапнал, (како и оние што љубоморно ги чуваат и најслучајните сведоштва за него) едно, многу сино летно утро, откако неколкупати ја прочита речиси ласкавата критика за својот роман во најугледниот весник, В.М. си го допи кафето и, како во занес, наврапито и без подготовки, тргна на уште едно патување, необично, меѓу другото, и поради тоа што не му се гледаше нужноста и не беше, како претходните, однапред испланирано. В.М. знаеше само толку дека патува во родниот крај, во детството и сопствениот почеток и дека тоа -ха! ха!– е спротивно на патувањето на мртвиот Александар од местото на смртта кон вечниот дом, опишано во романот.
    Возеше бавно, зашто патот во меѓувреме беше претрпел доста измени и му изгледаше како нов, на места дури и сосем непознат. Иако го имаше поминато којзнае колку пати, ги беше погледал сите села и ги беше прочитал нивните имиња, сега ги забележуваше со изненадување и чудење, како допрва да ги открива. Вистина, при претходните патувања беше обземен со мисли околу најновото дело, со прашања кои го окупираа неговото научно љубопитство и истражувачки порив, па на убавите крајпатни глетки обрнуваше






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+