Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 36 | година VII | мај-јуни, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 36мај-јуни, 2004
Есеи

Библијата и Куранот

– истражување на светите книги во потрага по корените на конфликтот и семето на помирувањето –


/7
стр. 1
Кенет Вудворд

    Тој бил побожен семеен човек, трговец од Мека, кој редовно се повлекувал во планините над градот за да пости и да се моли. На 40 години, додека се молел во пештера на планината Хира, ангелот Гаврил му проговорил, му рекол: „Мухамед, ти си гласник на Бога“, и му командувал: „Рецитирај!“ Мухамед се побунил, му рекол дека не може – тој сепак  ја немал дарбата на древните племенски бардови од Арабија. Потоа, според оваа приказна, ангелот толку го стиснал, што Мухамед помислил дека ќе умре. Пак Гаврил му заповедал да рецитира, а од неговите усни потекле првите стихови од она што подоцна ќе стане Куран и ќе ги претставува вечните зборови на самиот Бог за 1,3 милијарди муслимани во светот.
    Сè до тој момент, Арапите беа главно политеисти и ги славеа племенските божества. Тие немаа религиозна историја што би ги поврзала со еден универзален Бог, како другите народи на Средниот Исток. Тие немаа верски текст кој би ги водел во животот, текст како Библијата, немаа духовен јазик, какви што се хебрејскиот на Евреите, а санскритот на Хиндусите. Над сè, тие немаа пророк пратен од Бога, со што се гордееја Евреите и христијаните.
    Мухамед и стиховите што ги рецитирал до својата смрт во 632 година им го овозможија ова и уште повеќе. Како и Библијата, и Куранот е книга на божествено откровение. Овие две книги ја определуваат божјата волја за повеќе од половина од светската популација. Низ вековите, Библијата од хебрејските племиња ја создала израелската нација. Но, само за сто години, Куранот создал цела цивилизација што во својот подем се протегала од северна Африка и јужна Европа, на запад, до границите на современите Индија и Кина, на исток. Дури и денес, на улиците толку далеку една од друга, како оние во Ташкент, Картум, Ком и Куала Лумпур, од изгрејсонце до зајдисонце се слушаат постојани роморења и песни од Куранот на мелодичниот арапски јазик. Всушност, да имаше евангелие според Мухамед, тоа ќе почнеше со зборовите: Во почетокот постоеше книга.
    Меѓутоа, по настаните на 11-ти септември, Куранот и религијата која од него потекнала доживуваат судење. Дали на исламот му е својствено да биде нетолаерантна религија? Дали Куранот ги задолжува муслиманите да водат џихад, света војна, против оние што не ги делат нивните верувања? И кои се неверниците, кои се омразени во муслиманските свети книги? Ако ништо друго, и евреите и христијаните се монотеисти, а најголем број од нивните пророци, Аврам, Мојсеј, а особено Исус, се ценети во светата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+