Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 36 | година VII | мај-јуни, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 36мај-јуни, 2004
Критика

Модел на комуникациска трансмисија во раскажувачка ситуација

„Кон другата земја“ од Митко Маџунков


/5
стр. 1
Трајче Бјадов

    На почетокот од анализата на романот Кон другата земја (1993) од Митко Маџунков (1943), малку ќе се задржиме на комуникациската трансмисија во раскажувачката ситуација. Во таа смисла, во искушение сме да посочиме една постапка на градење на раскажувањето според принципот „прашање-одговор“. Кога ќе образлагаме, ќе цитираме и соодветни примери од романот (особено свртуваме внимание на пр. бр. 7). Сепак, не може да стане збор за „чиста“ ситуација во која адресатот ја „нарачува“ или ја „извлекува“ приказната со некакви „трик-прашања“ од, на пример, „лошо расположениот“ раскажувач. Овој роман, очигледно е, може да се смета за остварување на едно ветување на главниот лик (Кирил Водочки) дадено на својот помал син (Камедонски) дека ќе му напише книга. Иако со временско задоцнување, но истовремено и со отсуство на адресатот во диегетичкиот универзум, може да се смета дека овој „дијалог“ сепак се остварува. Во таа смисла, иницијалната комуникациска ситуација е „неиспровоцирана“ (ништо не упатува зошто раскажувачкиот чин токму сега започнува; тоа може само посредно да се насети). Имајќи го предвид ова, за илустрација ја земаме првата реченица со која започнува романот, која ѝ припаѓа на главата ЕЗЕРОТО:
    „Езерото еден ден ќе исчезне“– стр. 5; (1)

    Тоа е една реченица која ја има тежината на вечна вистина. Несоборлива вистина е дека еден ден навистина сè ќе исчезне, па и Езерото. Раскажувачот овде, директно и непосредно ја започнува својата нарација со она што ќе биде и тема и идеја, и симбол, во овој роман – Езерото. Уште повеќе, оваа реченица е напишана во идно време, што не е чест почеток имајќи го предвид искуството. Имајќи предвид дека нарацијата може да се одвива линеарно или нелинеарно, според временските одредници, иако првото глаголско време овде употребено е идното време, всушност позицијата на раскажувачот во однос на она за што раскажува е актуелниот „момент“. Имено, тој е сега и овде и го набљудува Езерото:
    „И Планината и Езерото спокојно се лулеат во очите на Кирил како во огледало; толку се стварни што тој просто претрпнува од чувството дека се тука.“ – стр. 5; (2)

    Всушност, со ова сме наведени на претпоставката дека Кирил е раскажувачот во овој роман. На тоа нè наведува фактот што Езерото е објект на интерес на неговата перцепција. Тоа е точно, но всушност Кирил во раскажувачката ситуација во овој роман е „исклучен“ од говорната комуникација – тој речиси и не проговорува со сопствени зборови; се чини како да ги „бојкотира“ дијалозите, и се потпира единствено на сопствените мисли, размисли






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+