Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 36 | година VII | мај-јуни, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 36мај-јуни, 2004
Критика

Омаж: Андриќ est arrive

/3
стр. 1
Ацо Гогов

Иво Андриќ

    Токму така – „Андриќ est arrive“[1] – пишуваше авторот на „Селидби“, веќе одамна упокоениот Милош Црњански најавувајќи го влегувањето во литературата на една маркантна творечка личност; прејудицирајќи го врз основа на песните во проза „Ex ponto“ идниот литерарен развој на тогаш младиот автор, недоволно познат, но со изразита творечка самосвест и индивидуалност – Иво Андриќ. Опитното уво на Црњански не можеше да остане глуво за – како што тој самиот вели – темните словенски тонови кои можеа да се насетат во оваа неголема, но, во секој случај, вредна книга. Литерарното деби на Андриќ само го потврди она што подоцна се случи: неговите следни објави го потврдија како автентичен творец чии дела имаат високи естетски вредности. И ако е потребно тоа воопшто да се каже, неговиот опус сосема очекувано, на крајот на краиштата и сосема заслужено ја доби Нобеловата награда за литература.
    Несомнено е дека пишувањето за еден автор како што е Андриќ, и тоа од една повеќегодишна дистанца како од времето на неговата смрт така и од неговите последни објави, си носи свои ризици. Првиот, а можеби и најголемиот ризик е таквиот обид да се сфати – во контекст на приземната балканска логика – како своевидна носталгија по едно време. Не помал е и ризикот во актуелното постмодерно доба, кое е опседнато со фрагментарноста и чија свест за текстуалноста е сосема поинаква, таквиот обид да се сфати како анахронизам, реактуализирање на една застарена поетика, како повикување на духови!
    Но, за среќа, она што ја прави литературата сублимат на вечноста; она што ја прави нишан на битието, низ една дијахрониска вертикала, не е временскиот момент во кој е настаната, туку нешто сосема друго: колку, на кој начин и како е проблематизирана човековата егзистенција? Или поточно: како уметнички е вообличен самиот феномен на постоењето, на егзистенцијата? Колку – преку една уметничка постапка, се разбира – е осветлено битието на човекот?
    Првите литерарни објави на Андриќ се јавуваат во првата декада на минатиот век. Тоа е време кога – во еден поширок европски и светски контекст – постои вистинско разногласие во поглед на уметничките постапки што се практикуваат: влијанието на симболизмот е сè уште присутно, футуризмот полека стапува на сцена, се јавуваат првите навестувања на надреализмот. Доведени во контекст со тогашните стилски формации, првите објави на Андриќ, се чини, имаат малку што заедничко со тогашната сеопшта треска на истражување, со опсесивните барања на нови форми преку кои ќе се изрази духот на времето. Неголемата книга на

_____________________________________

1. Андриќ пристигна / е дојден.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+