Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 36 | година VII | мај-јуни, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 36мај-јуни, 2004
Галерија Осврти

Ракопис / на / алишта

– или, облеката како лична херменевтика –


/3
стр. 1
Елизабета Шелева

    Најновата изложба на Лилјана Ѓузелова, која се одржа во текот на месец декември 2003 г., во Музејот на град Скопје, потожно, инсталацијата „Пишувајќи се себеси“ е заснована на мошне занимливата, актуелна и интригантна постапка на концептуално себе-соголување (или себе-пишување), кое ги следи треперливите одблесоци од личната и семејната историја, фрагментарните спомени и мозаично испреплетените сеќавања.
    Тоа е поправо изложба на алишта обесени (со штипки), изработени од хартија, висечки на јаже, алишта – речити сведоци (споменици) на минатото. Сите алишта, при тоа, имаат или содржат еден единствен, заеднички „дезен“: ракописниот текст, небаре се работи за алишта-записници на бурната лична и колективна драма. Тоа се „костимирани“ свитоци на семејната хроника и архива, што во себе ја содржат трогателната херменевтика на личниот опстанок, но, и секогаш отворениот „хоризонт на распрашување“, во кого (според „етнографскиот“ обичај на големата историја) не е оставено место за конечните вистини и откритија.
    Соочени сме со една ракописна изложба, или изложба на ракописно дизајнирани, дводимензионални облеки (попрво, шнитови), како метафори, што на тој начин ја изложуваат интимната, „долна“ облека на скапоцените, тешко соопштливи и дискретни, неретко болни, ранливи сеќавања и спомени. Овојпат, со сиот креативен замав, стокмени во интермедијално удвоениот запис – во материјалната (облека), од хартиена ткаенина и во виртуелната (одора), од вербална ткаенина (во текстот како ткаеж, ткаење).
    

    Текстурата на облеката (најсетне, текстот како облека на чувствата и мислата), со оглед на вака осмислениот креативен принцип, станува херменевтички показател на егзистенцијалниот наратив, во временски распон од половина век наназад. Алиштата од хартија говорат во името на, или на местото од, субјектовата херменевтика на страдањето. Изреката „човекот се познава по рубата“, во овој случај, може сосема референтно и метонимиски да се применува: самите делови од облеката лефтерно (воздушесто) го составуваат колажот на нарацијата, историјата, идентитетот во постојаниот (однадвор наметнат) раскол на себе-потврдувањето и себе-порекнувањето.
    Самата замисла, семејната архива да се предочи во вид на изложбена галантерија – има своја длабока и болна аргументираност, во стварната осуденост на ова семејство, постојано да се наоѓа под извесен (идео-политички) надзор. Така, оваа инсталација, составена од ракописно „набиени“ кројки за алишта, воедно разоткрива една, за прв пат јавно осведочена „конфекција“ на доживотната (иако тешко докажлива) осуда и страдање поради самиот (зададен факт на) потеклото.
    Тука се начнуваат мошне важните, всушност, секогаш отворени прашања на вината и одговорноста, на прошката и искупувањето – попрво, метафизиката на гревот, престапот и казната. Потресно звучи, при тоа, навидум спокојното помирување со делегираната вина, што стрчи од едно „кошула“/ писмо до таткото,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+