Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 36 | година VII | мај-јуни, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 36мај-јуни, 2004
Звук Осврти

Приказна

/2
стр. 1
Barry Goldberg

    Почетоци. Мајка ми пееше и свиреше на пијано, често свиревме во дует, потоа го слушнав Мед Лакс Луис на радио и почнав да свирам „буги вуги“ на возраст од пет години. Првиот бенд „Дени Ли Енд Ремблерс“се случи во гимназија. Мајк Блумфилд имаше свој бенд, претставуваше конкуренција за нас и ние често се натпреварувавме. Тогаш за првпат се запознавме. Врз нас најповеќе имаа влијание Мед Лакс Луис, Литл Ричард, Џери Ли Луис, Фетс Домино. Секој временски период имаше свои незаборавни мигови, но раниот блуз, како и рокенролот во период од 1958 до 1964 беше најзабавно време за мене. Тоа сè уште не беше професија! Замена за Отис Спен во бендот на Мади Вотерс, јас и Мајк на западната страна на Чикаго и свирење со Хаулин Волф. Настап на албумот „Тргни се“ на Чарли Маселвајт заедно со Харви Мендел и повторно собирање на минатогодишниот блуз фестивал во Чикаго со Сем Леј, Ник Гравенајтис, Харви Мендел, Чарли Маселвајт и Корки Зигел. Исто така, фестивал во Сан Франсиско со Стив Милер и Џејмс Котон. Или времето поминато со големи уметници и нивното влијание врз мене. Постои ниво на големина, тие те воздигнуваат, музички и духовно. Тоа денес ми недоставува, особено кога Мајкл веќе го нема.
    Всушност, кога имав пет години и почнав да навлегувам во тајните на пијаното, тетка ми ми купи комплет тапани, така што почнав и со тапаните што ми даде големо чувство за „тајминг“ и ритам. Слушајќи радио во Чикаго и сите големи блуз радио емисии. Исто така и нашиот домар кој ме упати во госпел музиката. Големите имиња на клавијатури: Отис Спен, Џони Џонсон, Џери Ли Луис, Мед Лакс Луис, Литл Ричард, Хјуи Пијано Смит, Фетс Домино и Ники Хопкинс.
    

    Мади Вотерс беше магичен, Џејмс Котон навистина можеше да свири, никој не можеше да ги тегне жиците како Мајк Блумфилд или Отис Раш. Чарли Маселвајт и Харви Мендел се инспиративни, ми се допаѓа вокалот на Ник Гравенајтис, како и на Трејси Нелсон и Марси Леви, интензитетот на Мајк Блумфилд беше неверојатен. Тексашкиот „шафл“ на Стив Милер, начинот на свирење на Бади Мајлс на тапани, слајд гитарата на Мик Тејлор или фанки ритам гитарата на Боб Дилан, слајдот на Дуејн Олмен, Џими Хендрикс со своите неверојатни рифови. Свирење „Еј Џо“ со него! Отсекогаш сум посакувал да свирам со Елмор Џејмс!
    Топ пет албуми: „Најголемите успеси на Фил Спектор“, „Сино врз сино“, тука е задолжително Литл Ричард, Чикаго блуз антологиите на „Чес“, „Најдоброто на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+