Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 36 | година VII | мај-јуни, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 36мај-јуни, 2004
Звук Осврти

Ибрахим Ферер – Кубанска легенда

/2
стр. 1
Ненад Георгиевски

Неочекуваниот комерцијален и критички успех на Buena Vista Social Club во 1997 помогна кубанската музика подобро да се афирмира во светот. Албумот се продаде во милионски тиражи, доби Греми награда, се сними филм за него додека на учесниците им овозможи успех и признанија кои претходно не им биле дадени. Изненадување беше и Ибрахим Ферер кому овој проект му овозможи нова кариера. Денеска неговите албуми се продаваат во милионски тиражи и концертите се секогаш добро посетени.

    Со успехот на Буена Виста сите учесници на албумот станавте интернационални ѕвезди а кубанската музика сега е повеќе популарна од кога и да е. Како се чувствувате за тоа што сте го направиле за кубанската музика?

    Се гордеам со тоа. Мене ми беше важно да ја претставам нашата култура ширум светот. Кубанската музика има да понуди толку многу работи и јас се обидувам да стигнам за сите насекаде.

    После светскиот успех и признание, дали нешто се промени за овие музичари на Куба? Дали се сега повеќе почитувани?

    Музичарите отсекогаш биле почитувани на Куба, но сега нашата музика повторно се врти по радијата и младите имаат можност повторно да ја слушнат. Тоа е многу добро, знаеш, повторно да се вратат овие песни бидејќи тие се основа за сè.

    Каква беше реакцијата на луѓето од Куба кон ова неочекувано откритие на изгубеното богатство на Куба?

    Не би рекол дека беше изгубено, бидејќи младите се повеќе заинтересирани за современа музика како што е рап, рок, итн. Меѓутоа, сега тие посветуваат големо внимание на традиционалната музика.

    Какви се вашите сеќавања од Буена Виста сесиите? Како гледате на успехот на Буена Виста после сите овие години?

    Се сеќавам на многу убави моменти, особено кога се сретнав со Омара Портуондо, што беше многу емотивно, Рубен Гонсалес, како и останатите музичари.
    

    Успехот на Буена Виста ни овозможи да имаме своја соло кариера: Омара Портуондо со нејзиниот бенд и нивниот прв албум а сега го завршуваат и вториот. Тука е и Качаито Лопес со неговиот бенд а и јас сум тука. Поради сето ова успехот на Буена Виста беше навистина важен.

    Рај Кудер беше клучна фигура за време на овие сесии. Тој исто така ги продуцираше вашите два соло албуми. Како би го опишале пријателскиот и работниот однос со Кудер?

    Искуството да се работи со Кудер како и со Ник Голд беше одлично. Ние сме и добри пријатели и често зборуваме за нашите семејства или за нашата работа секојпат кога ќе се слушнеме по телефон. За време на нашите сесии од него






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+