Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 36 | година VII | мај-јуни, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 36мај-јуни, 2004
Театар Текст

Пат за Парамарибо

– белосветска фарса –


/5
стр. 1
Томислав Османли

_______________________________________________________________________

Лица

пиеса за тоа како денес насекаде, сè е, веќе, можно

Премиерно изведена: 27. и 28. јули 2002. во екстериерот на Старата железничка станица во Скопје.

Скопје, 2001/2002

Лица
    МАЖОТ, Кирил, пензиониран железничар, околу 70 години, татко на Мето
    ЖЕНАТА, учителка, на слична возраст
    МЛАДИЧОТ, Гордан, 22 годишни

МАЈА, на возраст како и тој
    НАШИНЕЦОТ, Мето, нивен врсник, син на Кирил
    ЧОВЕКОТ ВО ЦРНО, Американец, 45 години
    ОФИЦЕРОТ, поручник Елсинор, Американец, нешто помлад
    КЕМАЛ, офицер на турскиот аскер, подоцна Паша Ататурк; едновремено и ПОЛКОВНИК ЕЛСИНОР, татко на поручникот
    ПЕМ, американка, турист/едновремено и ЗАЗА, љубовница на Кемал и актерка, Заза Габор
    РОУЗ, американска, мајка/ЖЕНАТА ВО ЦРНО, нашинка, жена од народот
    ДЕВОЈЧЕТО, нејзина ќерка, петгодишно дете

МИЛАДИНОВ, Константин, учител и поет
    ЗОРБА, лик од роман
    ФЕТ ЏО, њујоршки рапер
    ФРЕНК СИНАТРА, легенда

МАНТИЛ 1, удбаш
    МАНТИЛ 2, удбаш
    АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ 1, 2, 3

1. Марибор, Парамарибо

    Чекалница од железничка станица. Ноќ.
    Во чекалницата дреме возрасна жена. Облечена е во демодиран летен фустан. На главата носи стара шапка. Покрај неа, мал излижан куфер.
    Средовечен маж, со зембил во рацете од кој ѕиркаат две шишиња затворени со тапи. Тој гледа кон перонот. Се подвраќа и нервозно воздивнува.
    Втрчува млад човек.

МЛАДИЧОТ:
    (Задишан, кон човекот)
Да не задоцнив?
    
    Овој каприциозно се врти на другата страна и не му одговара.
    Жената ја крева главата, го погледнува младичот. И повторно ја спушта во продолжениот дремеж.

МЛАДИЧОТ:
    (Сега кон неа)
Се извинувам, дали возот…
    
    Жената го одмерува од глава со петици.

ЖЕНАТА:
    Доцни.

МЛАДИЧОТ:
    Доцни? Прашувам за…

МАЖОТ:
    (Не издржува)
Сите доцнат.

МЛАДИЧОТ:
    Не е можно!

МАЖОТ:
    Ти, бе, што се правиш на удрен. Како да не знаш што све овде не се случуе. Можда припукале на композицијата. Можда подметнале бомба под возот. А може да касни, као и обично.

МЛАДИЧОТ:
    Мене, знаете, ме интересира возот за…

МАЖОТ:
    А мене што ме интересира? Ја да не чекам пајтон на железничка станица. (Го поткрева зембилот со двете шишиња, со смекнат тон) Него, дете, да не сакаш ти малце ракиичка? Убава е, за своја душа праена.

МЛАДИЧОТ:
    Благодарам, не пијам.

МАЖОТ:
    Е, тоа ви е грешката. Не пиете, али се дрогирате.

МЛАДИЧОТ:
    Молам?

МАЖОТ:
    Боље алкохоличар него наркоман. (Младичот зачудено го погледнува) Тоа ти е као: „боље рат него пакт“. Иначе ракијава не е за частење. За продажба е.
    
    Мажот незинтересирано се врти на другата страна, пали евтина цигара…

ЖЕНАТА:
    Каде патувате младичу?

МЛАДИЧОТ:
    Ја? Далеку…

МАЖОТ:
    Па сигурно, кога се бега не се иде близу. (Дува чад) Сите бегате, бе. Човек нема да остане во земјава, да ја брани.

МЛАДИЧОТ:
    (Се прави дека не го слуша, кон Жената)
А, каде… ако може да Ве прашам… идете Вие?
    
    Место неа, одговара мажот.


    МАЖОТ:
    До граница. Идам да го посетам синот. Он е тамо резервист. Ја чува границата. Ако ја






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+