Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 37 | година VII | јули-август, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 37јули-август, 2004
Проза

Таблица перваја

/1
стр. 1
Блаже Конески

    1. По законот на местото, можеме да го сфатиме само животот, не смртта. Затоа е оправдана надежта и секоја оптимистичка илузија.
    2. Космосот се крепи на дуализмот и од него зема внатрешна сила. Ден и ноќ. Лето и зима. Добро и зло. Вечна борба без крајна победа и без краен пораз.
    3. Во два следа се врти и историјата: по период на цицање крв со памук следи период на пуштање крв со нож.
    4. Грабежот е неизоставна составка на економската дејност во така изделените етапи. Економските системи можат да бидат подобри или полоши, но нема економски систем ефикасен сам по себе, без да е во него вграден грабежот. Мит е дека богатиот, цивилизираниот Запад е создаден само со труд.
    5. Во така изделените етапи, успешните протагонисти на релативната стабилност тврдат дека економијата решава сè, додека демонските природи се потсмеваат на тоа, подготвувајќи се, во смената на историските периоди, да го пљачкосаат тоа што други го спечалиле.
    6. Има историски релјеф. Кајшто текло вода, пак ќе тече. Се менуваат ознаките, а се перпетуираат привилегиите. Важно е не да бидеш доследен, а да не плаќаш данок, како што плаќа рајата. Формите се менуваат, суштината останува. Затоа најмалку обнова, во смисла на активирање на трудот, има во региони со стара државност, во кои привилегиите се вкорениле подлабоко, отколку во периферните области на светската историска сцена.
    7. Препорака. Поради законот на местото, оптимизмот значи подобар избор од песимизмот. Сè е загубено без верата дека човештината сепак може да си создава поширок простор. Тоа би значело безусловна капитулација на духот. Тоа не го допушта дуализмот што го проникнува космосот. Има смисла во Сизифовата работа. Дали сме доволно свесни дека понекогаш руините, и по својата убавина, нè импресионираат повеќе од зачуваните градби?


     Скопје, марта 1851 лето
     Јордан Хаџи Константинов – Џинот

Исповед на еден мистификатор
    Овој текст го напишав јас едно претпладне во март 1993 г. На Џинот сум му благодарен што ми ја позајми формата. Решив да не брзам со објавувањето и само неколку копии поделив меѓу свои пријатели, со забелешка под текстот: соопштува Блаже Конески, Видов дека некои од нив не ја откриле веднаш играта, зашто ме распрашуваа во какви околности можел Џинот да се искаже на ваков начин.
    Сега, кога се решив да ја објавам оваа „таблица“, не би сакал да ги доведам во иста ситуација и некои од читателите. Затоа сметав дека треба да го приложам ова објаснение.

     Блаже Конески






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+