Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 37 | година VII | јули-август, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 37јули-август, 2004
Есеи

Обломов како жена

/6
стр. 1
Мариет Местер

    Можеби ќе звучи како некоја согледба од пред половина век, но, во мојата земја, Холандија, сексизмот е сè уште длабоко вкоренет, и онаму кадешто станува збор за литературата. Можам да дадам многу примери, а за почеток, ќе одберам од домашните, од мојот личен живот. Секогаш одново согледувам, дека кога ќе се појави моја нова книга или кога ќе објавам нешто друго, мажите одвај можат да ја сокријат својата нелагода. Или, како инаку да се нарече онаа, чудно згрчена состојба на умот?
    Кога го имав своето деби, со романот за една дива, претприемчива Холанѓанка, мојот близок пријател и врсник постојано ми повторуваше: „Колку е грда твојата слика на позадината од книгата, таа е навистина страшна. Се разбира, немам намера да ја прочитам книгата“. По десет години, овој човек ја објави својата прва книга, збирка философски есеи. Ми ја испрати со посвета на предната страна, во која ми се заблагодаруваше за поттикнувачките и охрабрувачки зборови, што порано сум му ги упатила, а без кои оваа книга, можеби, никогаш не би била напишана. Првиот мој импулс беше да му вратам, дека „секако, нема да ја читам“ неговата книга, но не беше така, јас навистина ја прочитав и, дури, испадна дека ми се допадна. Тоа му го дадов на знаење и нему, бидејќи мора да стане јасно: на нелагодата не треба да се одговара со нелагода. Уверена сум, дека во овие случаи, најмудар е лаконскиот, по можност хумористичен став.
    Дали, исто така, би требало да ја раскажам приказната за еден друг пријател, додека уживаше во вечерата, што ја подготвив за него? Во меѓувреме, тој ми кажа, дека моето пишување никогаш нема да се смета за нешто важно, доколку не си ја скратам косата и не почнам да носам поинакви алишта. Потоа, бев доволно будала и набргу почнав да се движам наоколу, облечена во деловни костуми, сакоа и панталони. На крајот на краиштата, облеката е, исто така, јазик, дури и кога појавата на едно лице, не ви говори ништо за квалитетот на неговата или нејзината работа.
    А, потоа, пријателот број три, кој, исто така, јадеше во мојата куќа, и кој, додека џвакаше и голташе, започна литанија за претпоставените грешки во мојот последен роман. Тој не можеше да сфати, како воопшто мојот издавач има намера да ја објави оваа книга. По 15 минути, во кои тој ја „дереше“ мојата книга на живо, со глас, кој постојано се повишуваше, јас, тресејќи се, седнав над мојата чинија, а маж ми буквално






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+