Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 37 | година VII | јули-август, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 37јули-август, 2004
Критика

Во пајажината на разговорот

(кон романот на Гоце Смилевски „Разговор со Спиноза“, Дијалог, Скопје, 2000)


/5
стр. 1
Ана Димишковска - Трајаноска

    Неколку тенки, сребрени нишки, сплетени така што не можат една без друга и распнати над бездната на бескрајот: ете ја невидливата пајажина на зборовите, во која треперат самотните души, понекогаш внимателно врзувајќи ги нејзините јазли, понекогаш препелкајќи се и самите заврзани во нив. Но неповторливиот звук на тој трепет без престан патува низ големата мрежа, нечујно потресувајќи ги дури и нејзините најдалечни катчиња: сè додека осаменичките бранови, во еден миг, не се сретнат во моќно совпаѓање, додека сопствениот молк не се прочита во туѓиот крик, а болката на непознатиот, неочекувано, не си го најде својот пат токму низ нашите зборови.
    Светот на телесните нешта, несомнено, го познава чудесниот феномен на резонанцата; сликата на бетонски мост кој се урива од ударот на метал во работ на една кристална чаша, овозможува донекаде да се насети физичката димензија на неговата моќ. Но иако неспоредливо поцврсти од бетонот, ниту бестелесните бедеми – оние на времето, на јазичните, културните, и религиозните разлики не се покажуваат доволно моќни да ѝ одолеат на неговата невидлива сила. Силата на еден едноставен, навидум мал гест, сличен на онаа ѕвонлива средба на металот и кристалот: кога една човечка душа ќе ја погоди тајната фреквенција на друга. И колку е поголема амплитудата на таа средба, толку подлабоко таа ја менува целата конфигурација на востановениот ментален простор.
    Несомнено, координатите на перцепцијата повеќе не можат да бидат исти после средбата која се одигрува во нишките на „романот-пајажина“ „Разговор со Спиноза“ на младиот македонски писател Гоце Смилевски. Во овој имагинарен разговор, Барух де Спиноза, големиот рационалистички философ од седумнаесеттиот век, се среќава со својот соговорник кој, како што се чини, суштински му недостасувал сиот негов живот. Низ исклучителниот книжевен потфат на Гоце Смилевски, „холограмот“ на Спиноза, вобичаено проектиран низ страниците на историско-философските студии, го добива својот соблазнителен двојник – човекот од крв и месо, кој својот самотен универзум парадоксално го споделува со сите нему слични, кои некогаш постоеле или ќе постојат. Но влогот на разговорот со Спиноза е далеку поголем одошто би можело да се помисли на прв поглед, во заслепеноста од допирот со еден живот кој оживува под играта на зборовите. Имено, во таа игра не се обликува само човекот Спиноза, соперникот на истоимениот лик од историско-философската фикција, туку едновремено и Спиноза книжевниот јунак – соперникот на Спиноза-философот. Спротиставеноста на овие два лика е една од суштествените димензии на судирот кој јачи низ целата структура на романот, и кој е толку темелен и сеприсутен што






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+