Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 04 | година I | август-септември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 04август-септември, 1998
Проза

Закоп

/7
стр. 1
Габор Т. Санто

Рабинот беше моја грешка, тоа е потполно извесно, јас бев тој што велев дека тоа треба да го стори токму тој младич, јас бев тој, се правев важен, велејќи дека тој е талентиран и дека мора да му се даде шанса за работа, дека токму тој треба да ја закопа баба ми, мајката на татко ми, зашто таа беше причината поради која семејството се собра (со исклучок на емигрантите), сите пријатели и колеги, оние што дојдоа да се смеат, благодарните преживеани и заситените пензионери, целиот клан, сите се собраа овде крај мртовечницата зашто никој не се осмелуваше да влезе внатре пред семејството а во исто време не можеа да увидат дека под сомотскиот покров на добрите манири нивното присуство е грубо мешање во животот (или во смртта) на семејството, дека секој поглед од нивните очи и секоја реченица што ја искажуваат ја расцепува интимноста на последните скриени моменти, но што да се прави, никој не може да ги набрка, па сите стапуваме во засводената одаја, студениот воздух ми го зграпчува тилот, иако надвор светка априлското сонце, неговите зраци ги разбиваат последните остатоци од зимата, милувајќи го покривот и ѕидовите но топлината и светлината не влегуваат во зградата и додека во длабочината на подрумот под засводениот простор има тела подготвени за својот закоп во некое скоро време, еден кат погоре, еден чекор поблизу до крајот на церемонијата ние, поблиското семејство, сме поставени според строгата кореографија од обете страни на отворениот ковчег, жените на едната, мажите на другата страна, сите на мали престоли, како на сцена, а таму долу, пред несмасниот ковчег седат гледачите, се надевам нема да ракоплескаат, вели еден блесок на очај во мојот мозок, се приближувам кон татко ми на клупата, можам да почувствувам како тој се тресе, наведнувајќи се нанапред, од задниот полупрофил можам да му ја видам само шапката, смешно поставена на врвот на неговата глава, ободот не може да му ја скроти густата кадрава коса околу облото лице, шапката таму горе само балансира, за да го избегне падот, но неговото тело се тресе и јас се чувствувам парализиран, иако тој плаче пред тие испитувачки очи, би требало барем да го покрие лицето за да не го видат, тоа е сепак срамно, и што е најстрашно од сè тој плаче пред мене, сепак не би требало да го видите вашиот татко како плаче, но пред кој друг тој впрочем би можел да плаче, ова е апсурдно, а






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+