Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 37 | година VII | јули-август, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 37јули-август, 2004
Звук Осврти

Мануел „Гуахиро“ Мирабал

/2
стр. 1
Ненад Георгиевски

Гуахиро е еден од најкарактеристичните трубачи кои Куба ги имала. Тој го поседува најдоброто што секој уметник може да го има – свој јазик. Кога ќе го слушнете како свири, без сомнение, знаете дека е тој“.  
    Деметрио Муњис

    Како важен дел од Buena Vista Social Club серијалот изданија и турнеи уште од самиот нивен почеток, трубачот Мануел „Гуахиро“ Мирабал доаѓа со свој албум првенец. Тука Гуахиро одава почит кон духот на легендарниот гигант на кубанската музика, Арсенио Родригес. Сите нумери на ова издание беа напишани од или се поврзани со Арсенио. Тука музиката е изведена од внимателно одбрана екипа кои Арсенио ги предводел во своите бендови во 40-те и 50-те.
    Веќе преку 50 години Гуахиро е клучна фигура на кубанската музичка сцена и тој има настапувано со речиси сите кубански ѕвезди. За време на сега легендарните сесии за World Circuit во Хавана во 1996, Гуахиро учествува на сите 3 изданија: Afro – Cuban All Stars “A Toda Cuba Le Gusta”, “Buena Vista Social Club” и “Introducing Rubén González”. Трубата завзема посебно место во рамките на кубанската музика и Гуахиро е архетипски експонент што несомнено го прави логичен избор за трубач на сите 3 изданија. Феноменот кој ги следеше овие изданија предизвика голем интерес за музичарите како што е Гуахиро, за кого сега има поголема побарувачка од кога и да е.
    Не е случајност што поради неговата клучна улога во сегашната заинтересираност за музиката која доаѓа од Куба, Гуахиро се одлучи своето прво соло издание да го создаде во чест на Арсенио Родригес.
    Со прекарот “El Cieglo Maravillos” (Црното Чудо), Арсенио е револуционерна фигура која целосно го трансформира звукот и дефиницијата за кубанската музика. Како експерт во ритмовите кои доаѓаат од Конго, тој ги изнел африканските влијанија на површината, со што го трансформирал традиционалното секстето со додавање на конга и две дополнителни труби со цел да добие поголема моќ и простор, а воедно и поставувајќи го својот синкопатиран стил на трес (адаптирана гитара) наспроти перкусиите и тоа со голем ефект. Неговиот иновативен пристап на пијаното почна со тогаш младиот Рубен Гонсалес, кој учествувал на првите снимки кои Арсенио ги направил во 1943 и со годините уште повеќе го продлабочил со Лили Мартинес. Кога Арсенио се преселил во Њујорк во 1950 год., трубачот Феликс Чапотин ја превзел улогата на лидер на бендот; Чапотин, заедно со Алфредо “Чоколате” Арметерос изведувале инструментални нумери каде преовладувале трубите. Гуахиро е наследник на таа традиција. Музиката на Арсенио е измамувачки






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+