Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 37 | година VII | јули-август, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 37јули-август, 2004
Проза

Разговор со Спиноза

– извадок –


/14
стр. 1
Гоце Смилевски

    Човекот кој тоа утро влезе во синагогата Бет Јаков, носејќи го на раце својот син роден пред осум дена, се викаше Михаел Спиноза. Дошол на свет четириесет и пет години пред тоа како Мигел Деспиноса, во Видигере, Португалија, каде што неговиот татко Исак се доселил од Лисабон, со надеж дека во малечок град ќе може да се придржува до законите проповедани од Мојсеј без страв од Инквизицијата; дошол на овој свет во 1587 година, токму четириесет години од основањето на инквизиторскиот суд во кралството, чија основна цел била присилно конвертирање на Евреите, и спречување на конвертираните Евреи да ѝ се вратат на првичната вероисповед. Од детството помнеше само еден настан – една топла летна ноќ, кога тој, тогаш деветгодишен, сонувал како по небото летаат огромни риби од чии усти капе крв, и во сонот слушнал како од оваа страна на стварноста го повикува гласот на неговата мајка, Мор Алварес. Кога ги отворил очите ги видел мајка си и татко си како ги прибираат најнужните нешта, две погачи леб, три заграби сол, еден нож, неколку лажици, игла и конец, малку облека. А додека заедно со мајка си, брата си и сестра си го пречекорувал куќниот праг за последен пат, се свртел и видел како татко му Исак се наведнува во собата, откорнува една штица од подот, вади неколку книги оттаму и ги става под мишката. Подоцна, кога се сеќавал на ова бегство, често пати посегнувал по една од тие книги, по „Тората“, и одново и одново го препрочитувал „Егзодусот“. Во тие мигови пак и пак му се враќале во сеќавањето плачните очи на Мор Алварес, свртени кон нивната куќарка која засекогаш се оддалечувала од нив, се смалувала во нивните очи, а тие, качени на колата во која биле спрегнати два коња, ни самите не знаеле каде одат. Уште долго потоа Мор Алварес, од секој град во кој се засолнувале, им праќала писма на своите браќа кои претходно му ги диктирала на Исак, не знаејќи дали и нив некој ги известил дека се наклеветени кај Инквизицијата за исповедање на еврејската религија. Писмата ги праќале истиот ден кога заминувале за некој нов град, за да не бидат фатени од инквизиторите, а во нив бил впишуван само градот кој го напуштаат, еден дел од градот, еден датум и еден гест. Мор Алварес верувала дека нејзините браќа ќе ја сфатат пораката; доколку во писмото пишувало: „Понте де Лима, пазарот до судницата, 14 август, чепкање на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+