Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 04 | година I | август-септември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 04август-септември, 1998
Проза

Хемиска свадба

/4
стр. 1
Димитрие Дурацовски

Драги Димитрие,

Најпосле. Веројатно претпоставуваше дека нема да ти се јавам веднаш после моето заминување, но сигурно не мислеше дека ќе молчам толку долго. Се случуваа многу работи кои и мене ме изненадуваа, па секој ден го одложував пишувањето. Во Хилендарскиот метох Каково крај Јерисос чекав цели петнаесет дена за влегување во Света Гора. Кога веќе пристигнав овде, чекав цели дваесетипет дена да ми биде издадена „бела карта“ со која ми се одобрува едногодишен престој во Атонска гора, заради изучување на грчкиот јазик. Таа карта ќе ми овозможи слободно движење по Атос како и неограничен број влегувања и излегувања од него. Покрај посочените користи овој картон ќе ме поштеди од формалните административни процедури околу визирањето на пасошот во грчкиот конзулат во Скопје како и добивање виза од Министерството на северна Грција во Солун, за влегување во Света Гора. Најтешкиот дел од работата околу добивање легитимација, која се извршува во Епистасија – Свештената општина на Света Гора Атонска, успешно е завршена, надвор од сите мои очекувања. Сега, мојот прием на Атос од страна на Епистасијата треба да биде потврден и озаконет од полицијата во ресорот за странци. Конечно, после сето тоа за кое ти пишувам во најкуси црти, постанав граѓанин на Света Гора. Толку за ова прво јавување,

    Стефан


    Почитуван Стефан.

Радосен сум што ми се јави со писмо. Да ти кажам веднаш, секојдневно мислиме и зборуваме за тебе. Откако ти замина од еден пријател добив луксузна монографија за Света Гора каде што има убави фотографии и мапи. Понекогаш навечер разгледувајќи ја те замислувам таму во разни ситуации. Ги гледам мапите, се движам по нив, следам нешто, некои невидливи конци, гледам како калуѓерот живописец слика икона, или пак некои од нив како приготвуваат вечера. Претпоставувам дека таму ти е убаво. Еве накусо неколку информации. Лазар е во Париз, може ти се јавил од таму? За август планираме изложба во Галеријата. Излезе интересен број на списанието Култура, купив еден примерок за тебе. Се обидувам да напишам еден подолг текст, за тоа како да се дојде до местото кое цел живот го бараме. Се разбира секој го прави тоа на најразлични начини, ретки се тие што го наоѓаат. Можеби е најважно самото барање.

    Димитрие


    Драги Димитрие

Овде ме опкружува убавина, тихост и созерцателност. Таинственоста на амбиентот се интензивира со фолклорниот раскош на одеждите и златоткаените хитони зошто совршено се совпаѓаат со аскетските ликови на мистагозите. Атмосферата на византискиот каталикон каков што е Протатонот, украсен со неземска убавина од Панселиновите фрески






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+