Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 38 | година VII | септември-октомври, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 38септември-октомври, 2004
Проза

Балзак и малата кинеска шивачка

(извадок од истоимениот роман)


/7
стр. 1
Даи Сижи

    Селскиот старешина имаше околу педесет години и седеше со скрстени нозе на средината на собата, близу до јагленот што гореше на огништето вкопано во подот. Ја разгледуваше мојата виолина. Меѓу нештата што во ова планинско село нè донесоа нас, „градските момчиња“, како што нè викаа Луо и мене, виолината беше единственото нешто што личеше на странско, на цивилизација, па затоа будеше сомнеж.
    Еден селанец се приближи со петролејска ламба за да ја олесни идентификацијата на чудниот објект. Старешината ја држеше виолината дигната и зјапаше во црната внатрешност на нејзиното тело, како да е внимателен цариник што бара дрога. Во неговото лево око забележав три крвави точки, голема и две мали, со иста жиш црвена боја.
    Кревајќи ја виолината до нивото на очите, ја протресе, како да е убеден дека нешто ќе падне од звучната кутија. Неговото испитување беше толку нападно, што бев уплашен дека жиците ќе ѝ пукнат.
    Речиси сите дојдоа во куќата на потпорници што се наоѓаше горе на планината, за да бидат сведоци на доаѓањето на градските момчиња. Мажи, жени и деца се роеја во тесното сопче, се бесеа на прозорците, се туркаа пред вратата. Откако ништо не падна од виолината, старешината го доближи носот до црната дупка и долго и силно вдиша. Неколку остри влакна од левата ноздрва нежно затреперија.
    Сè уште немаше поим.
    Со грубите прсти ја допре едната жица, па другата… Чудната резонанција ја смрзна толпата, како звукот да предизвика почит.
    „Ова е играчка“, свечено изјави старешината.
    Од пресудава останавме без зборови. Вознемирени, тајно се погледнавме. Не одеше кон добро.
    Еден селанец ја зеде „играчката“ од рацете на старешината, ја потупка со тупаниците по задната страна, па му ја предаде на друг селанец. Едно време, виолината се движеше меѓу толпата, а нас, двете нежни, слаби, исцрпени и смешни градски момчиња, нас нè игнорираа. Цел ден пешачевме по планината, па облеката, лицата и косите ни беа испрскани со кал. Изгледавме како патетичните реакционерни војничиња од пропагандните филмови, откако ќе ги фати суријата комунистички фармери.
    „Глупава играчка,“ со рапав глас коментираше една жена.
    „Не,“ ја поправи селскиот старешина, „буржоаска играчка.“
    Ми влегуваше мраз во коските и покрај тоа што тлееше оган во центарот на собата.
    „Играчка од градот,“ продолжи старешината, „ајде, запалете ја!“
    Наредбава ја запали толпата. Сите почнаа да зборуваат во исто време, викаа и посегаа за да ја грабнат играчката и со уживање да ја фрлат во јагленот.
    „Другар, тоа е музички инструмент,“ рече Луо колку што можеше посмирено, „а мојов пријател е добар музичар. Навистина.“
    Старешината ја побара виолината


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+