Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 38 | година VII | септември-октомври, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 38септември-октомври, 2004
Проза

Орелот и Агнија

/4
стр. 1
Блаже Миневски

    – Брате Методија, сакам денес скраја од сите да кажеме збор сами за една калуѓерка, а овој шарен ветар, што се врти сега глуво во нашите монашки ризи, умилно го молам да не ми ги раси зборовите што молам – со верба во твојот почитуван послух – сега да ги речам. Има четириесет години веќе во спомен а таа уште се крие – низ разни манастири, за да не ја најде нејзиниот опор брат. Но, не се плаши, брате, за себе – оти го има веќе таа во својот мир – туку се плаши за брат ѝ, оти тој може да згреши и сетне не ќе има Бог прошка за неговата скрбна душа. Тој, сега, брате, мора да е старец, зашто и таа одамна не е уште она исто ситно пиле што побегна ноќе со устрем целиот живот да му го посвети нему, на севишниот и семоќниот господар наш и на светот. Сега е игуменија, и сама е во својот манастир, но, пак, и енос се моли да го чува Бог нејзиниот брат од гревот што сè уште, можеби, низ споменот истрајно го гони. А тоа беше одамна, таа беше многу млада, беше ѓул трендафил што ја чува росата во својот неотворен цвет. Беше пиле што ги збира сите сал опојни мириси во својот кревок сон, недопрено од ветрот, негибнато од лошиот збор на припростите луѓе во нивното триж паганско село. Беше, реков, толку млада, брате, беше, реков, толку лична брате, и само Бог знае дали ќе имаше тогаш шеснаесет или седумнаесет години.
    „Имав осумнаесет години а уште од деветтата знаев оти ќе бидам калуѓерка. Ја чистев еднаш иконата на Пресвета Богородица наша а сонцето сè туку ми се плетка низ прстите. Ја бришам срчата и на глас се молам да ми се врати мојот брат од фронтот, и дури се молев, без брзо да сетам, една солза ми капнала на иконата. Ја избришав а под неа веднаш се насолзи друга, па уште една, и уште, и друга, и дури сетне узнав оти Богородица плаче. Ја закачив на ѕидот и застанав пред неа да ја тешам. Таа плачи – јас плачи, таа моли се – јас моли се, се стемни. Легнав да спијам а таа кутрата ете ти ја во сонот, ама ситна, гргурче како мене, и ми вели: „– Брат ти, сестро златна, ќе се врати, но син ми е далеку. Само твојата бистра солза и твојата силна верба може






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+