Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 04 | година I | август-септември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 04август-септември, 1998
Есеи

Екстаза и конспирација

- Одгатнување на мистеријата Карлос Кастанеда -


/13
стр. 1
Ферид Мухиќ

Во конзистентното пишување, насловот треба да е супстрат на идејата, а текстот нејзина експанзија. Поднасловот, таму каде што е даден, посочува на некои тешкотии целата идеја да се опфати во само една формулација – онаа насловната.
    Идејата на оваа студија е изложена во насловот. Одгатката на мистеријата позната како Карлос Кастанеда, сугерира насловот, е во контекстот на поимите на Екстаза, односно, Конспирација, како клучни за разбирањето на неговиот опус. Поднасловот упатува на тоа дека покрај контекстот на делото, во синтагмата Карлос Кастанеда, мистериозен е и авторот на опусот што е предмет на оваа студија.

Кој е Карлос Кастанеда

Во историја на литературата постои уште само еден автор што во сокривањето на сопствениот идентитет и биографија, успеа да остане толку, или дури и по енгиматичен од Кастанеда. Тоа е веќе ноторната случка со идентитетот на Б. Травен, авторот на „Побунетото Мексико“ и на низа други дела од кои секако најпознато е прочуениот бестселер, неколку пати ефектно и филмски екранизиран, под наслов „Благото на Сиера Мадре“. Иако пред крајот на животот на овој таинствен писател издавачот го пласира и името на кое до тогаш упатуваше само инцијалот „Б.“ – како „Бент“ – што требаше да сугерира нордиска етничка генеалогија, добрите познавачи се согласни дека до денес не може со сигурност да се тврди дали Б. Травен бил име или псевдоним, машко или женско, Мексиканец, индиос или европеец, па дури ни дали зад овој псевдоним воопшто постоела некаква личност, или со него се означувала цела група автори што преферирале да останат во непроѕирна анонимност.
    

Карлос Кастанеда

    Со Карлос Кастанеда, работите стојат сосема слично. И повторно, како и со Б. Травен, тоа Mejico lindo mi coraso! Повторно еден автор што гравитира кон оваа необична земја, сèуште не само непозната на други, туку, се чини, со големи празнини во сопствената самосвест. Спиритуалната енергија на Мексико практично не е ниту допрена со ниедно систематско истражување, а сепак останува магнетично привлечна и исто толку магнетично одбивна за ваков тип проучувања. Но, дотолку повеќе Мексико ги плени оние кои се обземени од потрага по некакво скриено благо, а во таа обземеност сета сигурност се сведува на интуиција и внатрешна увереност. Благото по кое целиот живот трагал Кастанеда, било, според негово уверување, исто така, скриено во Мексико. Но тоа благо не било материјално, туку духовно, и не од оној вид што ги контролира другите, туку што ја открива најголемата тајна. Тајната на сопствениот идентитет, во склопот на Тајната на Универзумот.
    Карлос Кастанеда е Доктор Фауст






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+