Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 38 | година VII | септември-октомври, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 38септември-октомври, 2004
Есеи

Обраќање со поезија и песна: Африкански простувања – премногу софистицирани за Западот

IV Меѓународен книжевен фестивал Берлин (21 септември – 2 октомври 2004)


/9
стр. 1
Антји Крог

    Оваа година Јужна Африка слави десет години демократија. Земјата е преполна со странски новинари, режисери, писатели и академици кои работат на правењето на приказната за десетгодишната демократија.
    Да се обидеме да не бидеме цинични во врска со нивниот ентузијазам.
    Се разбира, тука нема ништо налик на парталаво чудо, или лажно помирување кое ќе ги стимулира новинарите. Да ја објасниме измамата! Одиме кај најсиромашните меѓу сиромашните и го покажуваме двојниот говор на црнечката елита и на африканските расистички никаквеци. Наместо да прашуваме тешки прашања во врска со Америка и Европската Унија, полесно е да прелетаме до Африка кадешто добрите се сè уште добри а лошите сè уште лоши. Особено кога времето е убаво а виното пријатно.
    Оваа измината година многу од нас, важни и неважни Африканци, беа пребукирани со дискусиски програми и интервјуа. Се сеќавам како чекав да бидам интервјуирана за една ирска радио станица, во истиот хотел во кој престојуваше Бил Клинтон. Тимот само што се беше вратил од Хаутбеј, островско село близу до главниот град, кадешто има особено висок процент на питачи, но и раскошни домови со фасцинантен поглед. Оној што ме интервјуираше изгледаше диво. Тој бесно шеташе по собата, додека неговите помошници ги подготвуваа звучните системи.
    Тој застана пред мене и запраша вознемирено: „Како е можно? – ја интервјуирав оваа црна жена која живее во колиба во ужасни услови, неписмена, валкана и сиромашна и ја прашав: ‘Што ти донесе простувањето и десетгодишната демократија?‘ Таа рече: ‘Слобода и мир‘. Јас реков: ‘Но погледни се, како живееш, немаш ништо, на неколку јарди од тука види ги дворците на богатите белци‘. И знаете што ми кажа таа? Ме погледна и рече: ‘За десет години не може да се исправи тоа што триста години е правено погрешно‘. Тоа ми го кажа. Не можам да верувам. Дали е луда? Или е глупава?“
    Тој ме погледна обвинително, како да имам некој таен зол начин со кој ги принудувам црнците да даваат проникливи одговори. Кога тој спомена дека некој друг радио тим се обидел да ја интервјуира истата жена јас одеднаш се зачудив: ако четвртиот или петтиот белец ми го стави микрофонот пред лицето и ме праша со нескриена одвратност: како можеш да зборуваш за простувањето кога ти немаш ништо, а белците имаат сè…, порано или подоцна јас дефинитивно би одговорила: „Знаете, се срамам, направив голема грешка. Премногу е глупаво да се простува. Да размислам, па јас всушност ги мразам белците.“
    Како што поминуваа низ земјата странските новинари, се чини, повеќе






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+